Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова е изненадена од најавите за поднесување нови амандмани од бугарските европратеници на извештајот на Вајц за напредокот на земјава што беше усвоен на вчерашниот состанок на АФЕТ и вели дека синоќа пред вечерата што ја организираше холандскиот крал Вилем-Александер во Хаг во рамките на Самитот на НАТО имала пријатен протоколарен пријателски разговор со бугарскиот премиер Росен Жељазков.
Имав пријатен разговор со премиерот на Бугарија. Разговаравме за нужноста од меѓусебно разбирање, да се почитуваме, за потребата да го следиме духот на двата народа, за да помагаме и за потребата кој е веќе внатре да му помогне на оној кој оди кон ЕУ. Верувам во потребата од пријателство, верувам дека ќе се случи и мислам дека тоа е нешто неминовно. Не можам однапред да предвидам, но од она што го видов вчера гарантира дека низ дебата ќе дојдеме до единство, посочи Сиљановска-Давкова пред денешниот состанок на Советот на НАТО во Хаг.
Вели дека е изненаден од карактерот на поднесените амандмани од бугарските европарламентарци што се однесуваат на нацијата и јазикот.
Како професорка не знам што значи „модерен“, не постојат, предмодерни, модерни и постмодерни нации и јазици. Сите нации настанале во втората полвина на 18 век и во 19 век, па и нашата. Да поднесувате амандмани за идентитетските прашања, а тие се ад акта за разговор бидејќи и договорот за ЕУ и Лисабонскиот договор и Повелбата за фундамнтални права гарантираат почитување на националниот и на клутурниот идентитет и различност, посочи Сиљновска-Давкова и додаде дека за тие прашања не се разговара.
Очекувам, потенцира, разбирање од нашите први соседи, пријателски однос и мислам дека ќе дојде до тоа.
Нагласи дека вечера кај холандскиот крал Вилем-Александер помина сосема во ред во „умно и интересно друштво“.
Разговаравме за сериозни прашања – за мирот и за единството кое е толку потребно за да дојдеме до конечен „кант оф ластинг пис“.