strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Сиљановска Давкова: НУБ „Св. Климент Охридски“ е амбасадор на македонската културна историја и чувар на македонскиот идентите
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска Давкова: НУБ „Св. Климент Охридски“ е амбасадор на македонската културна историја и чувар на македонскиот идентите
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: НУБ „Св. Климент Охридски“ е амбасадор на македонската културна историја и чувар на македонскиот идентите

Објавено November 23, 2024 16:34
strana.mk
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ се обрати на свеченото одбележување на јубилејот – 80 години од именувањето на првиот директор и започнувањето со работа во слободна Македонија.

Во своето обраќање, претседателката Сиљановска Давкова оцени дека НУБ „Св. Климент Охридски“ е не само духовна ризница, туку и амбасадор на македонската културна историја, чувар на македонскиот идентитет и симбол на вечноста.

Таа изрази најдлабока благодарност на сите кои со својата пожртвуваност, љубов и визија, го градеа и се вградија во ова културно светилиште во изминатите осум децении, истакнувајќи дека нивното наследство, како што рече, е наш завет – да ја чуваме и славиме мудроста на словото.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска Давкова.

Почитувани присутни,

Се согласувам со филозофот Клод Леви Строс кога вели дека : „ книгата е животна супстанца со која се храниме”. Признавам, ненаситна сум на книги.

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ е океан на духовна храна, непресушен вруток на знаење, космос на идеи, вулкан на нови сознанија. Таа е светилник на умот и срце на мудроста.

Осум децении од првите чекори на оваа институција, тогаш со име Народна библиотека, со првичен фонд од 150.000 книги, 50 читатателски места и 12 вработени вљубеници во книгата, се осум децении на учење, борба, непокорност и истрајност во мисијата – чувар на македонскиот идентитет, култура и колективна меморија.

Од 1944 година, кога се круниса ослободувањето на таковината па до денешната дигитална ера, библиотеката континуирано ги надминува границите на просторот и времето.

Во историските мигови на раѓање на македонската државност, среде пепелта на војната, асномските визионери го положија темелот на народната библиотека – храм на словото, и речта, симбол македонската ренесанса. Во скромен, но свет простор, таа не собра само книги, туку и идеали, визии и надеж. Стана сонце на македонскиот дух, мост меѓу минатото и сегашноста, симфонија на мислите, буквите, речениците, сликите и мечтите.

Чекорењето на оваа легендарна институција беше тежок, трнлив, полн со премрежја и предизвици пат. Катастрофалниот земјотрес не го разурна само убавиот град Скопје, туку и најголемиот дом на книгите-библиотеката, но не и духот на библиотеката и библиотекарите. Над половина милион книги го изгубија животот. Со истрајност и несебична пожртвуваност, библофилите се бореа за секој ракопис, секоја книга, секој збор – свесни дека го спасуваат не само културното наследство, туку и душата на еден народ.

Во годините потоа, по привремениот престој во Даут Пашин Амам и монтажниот објект, библиотеката, во 1971 година, се всели во својот нов дом, граден со љубов и почит, небаре културен храм. Растеше, се развиваше и иновираше. Создаваше непроценливи збирки – онаа за старословенските ракописи или ориенталните ракописи, ретките книги и периодика, кредибилни историски сведоци.

Секој дел од библиотеката е зрак од нашето културно сонце, причина за гордост, инспирација.

Замислете си град со три милиони жители – библиотечни единици, сведоци и чувари на минатото, творци на новите вредности. Потсетете се на првите луѓе на библиотеката, меѓу кои врвни писатели, интелектуалци, ерудити, заколнати пријатели на книгата!

Со дигитализацијата на своите богатства, оваа институција зачекори кон нова ера. Старословенски ракописи, музичките партитури, ретките карти и книги, сега, сите се на сигурно, во дигитална форма, непокорно пркосејќи му на заборавот и на времето. Македонската култура, овековечена во овие дигитални артефакти, денес е достапна насекаде, носејќи ја нашата историја, музика и мисла ширум светот.

Тука, во овие ѕидови исполнети со вековна мудрост, приказните на нашите предци се пренесуваат од генерација на генерација, а делата на нашите современици ја осветлуваат патеката кон иднината.

Почитувани,

НУБ „Св. Климент Охридски“ е не само духовна ризница, туку и амбасадор на македонската културна историја, чувар на македонскиот идентитет и симбол на вечноста.

Дозволете ми, да им изразам најдлабока благодарност на сите кои со својата пожртвуваност, љубов и визија, го градеа и се вградија во ова културно светилиште во изминатите осум децении. Нивното наследство е наш завет – да ја чуваме и славиме мудроста на словото.

Не случајно и не попусто НУБ „Св. Климент Охридски“ е лауреат на: Орденот „Заслуги за народ“, наградата „11 Октомври“, Повелбата на културата „Климент Охридски“!

Не случајно и не попусто во овој дом се вдомиле и : „Британскиот совет“, „Гетеовиот институт“, Кинескиот културен центар „Конфуциј“.

Не случајно, и јас сум домувала овде работејќи на магистерскиот труд и докторатот, уживајќи во светот на книгите. Можеби затоа, проблемите со кои се соочуваше оваа уникатна институција секогаш ги доживував како свои, се солидаризирав се со книгите и нивните врвни и верни пријатели.

Нека оваа значајна годишнина биде наша заедничка гордост, инспирација и поттик за постојана и силна грижа за библиотеките и книгите, уверени дека нашата култура е највисокиот израз на нашето постоење!

Заеднички да продолжиме да ја пишуваме и читаме оваа приказна – овој роман „река“, што велат Французите, во кој е документирано минатото, насликана сегашноста, антиципирана иднината!

Нека е честит јубилејот! Да живеат книгите, да ни е вечна НУБ „Св. Климент Охридски“, под негова закрила.

TAGGED:гордана силјановска давкова
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Следна статија Што знаеме за новата руска ракета „Орешник“?

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Кадриу: СЈО беше штаб на СДСМ – Шекеринска и Заев на рака даваа материјали на обвинителите, без записник

Екс-обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Лејла…

February 8, 2026

(ВИДЕО) Мараја Кери спектакуларна на отворањето на ЗОИ, „Volare“ во сосема нова изведба

Пејачката Мараја Кери знае како да…

February 7, 2026

Албанија ќе гради мигрантски кампови во Пустец каде што живеат Македонци

Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ)…

January 29, 2026

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Скопското Кале е чисто и уредено

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски,…

January 28, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Димитровски: Проблемот со загадувањето се решава мултисекторски

„За да почнеме да ги решаваме прашањата значајно е да ги идентификуваме кој се причините за ова загадување и ако…

December 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мирен собир во Паркот на Револуцијата во Кочани

Шест дена по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, граѓаните на Кочани денеска во 15 часот во Паркот на Револуцијата организираа…

March 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Над 70 отсто од младите во Македонија се коцкале, а 17,8 отсто се зависници од комар

Значаен процент од младите во Република Македонија веќе стекнале зависност од играње игри на среќа, беше истакнато на денешната прес-конференција…

November 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Три вработени во ЈСП Скопје обвинети за проневера од 23 милиони денари

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против три вработени во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје за проневера во службата. Според…

October 21, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?