strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Сиљановска-Давкова: Членството во ЕУ беше и останува врвен македонски државен интерес и приоритет
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова: Членството во ЕУ беше и останува врвен македонски државен интерес и приоритет
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Членството во ЕУ беше и останува врвен македонски државен интерес и приоритет

Објавено January 18, 2025 16:27
strana.mk
Сподели
Сподели

Посакувам во 2025 година да ни биде овозможено да тргнеме кон европскиот политички дом каде што географски, историски и културно сме биле и сме. Ако Западниот Балкан е „Ахилова пета“ за поетски настроените западни политичари, тогаш треба да се грижат да не биде погоден од некое оружје. Посакувам, во името на сите граѓани, на крилјата на Реформската агенда да се европеизираме по мерка на Копенхашкиот модел. Балканот е природен дел на Европа, членството ќе биде моќен мотив за демократски промени во регионот, што трајно ќе овозможи крај на опасноста од дестабилизација и балканизација! Дипломатијата има особено важна улога да ги препознае негативните трендови кои се сериозен предизвик за Европа како зона на траен мир, во Кантова смисла на зборот, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во синоќешното обраќање на традиционалниот годишен прием за претставниците на дипломатскиот кор во земјава.

Сиљановска-Давкова напомена дека членството во ЕУ беше и останува врвен државен интерес и приоритет, а Брисел, потенцира, е македонската стратешка дестинација.

-И Европската конвенција за фундаментални права како еднаква по важност и по сила на Лисабонскиот договор, од уставен карактер документ, во Преамбулата вели дека ЕУ ќе ги почитува различните култури и традиции на европските народи и на националните идентитети. Токму ова се нашите темелни принципи и јас, како претседателка на Републиката, се залагам за нивно почитување. Или сме еднакви или не сме. Во 21 век, во време на постоење на ООН, Меѓународниот суд на правдата, Меѓународниот кривичен суд, Советот на Европа, Судот во Стразбур, ЕУ, Судот во Луксембург… хипокризија е да се повторува и да се дејствува по формулата: силните го прават тоа што можат, а слабите, тоа што мораат. ЕУ немаше стратегија за Западниот Балкан, категорија што се појави на крајот на деведесеттите, како чудна, геостратешка кованица: земјите на бивша Југославија, минус Словенија, плус Албанија, па минус Хрватска, плус Косово… движечка географија за периферијата на Европа. Како да не е научена лекцијата од крвавиот распад на Југославија, кога ЕУ доцнеше, а САД стигнуваа први. Ние како држава, како македонска нација, се препознаваме во овие тешки како камен монументални зборови на Делор и без никаков нарцизам или претерување, се сметаме себеси за онаа душа што настојуваме да ја споиме со коските на Унијата. Тоа го сакаме, тоа е нашата стратегиска цел за која напорно се бориме повеќе од 30 години, нагласи Сиљановска-Давкова.

Иако сме мала држава, рече, сакаме да бидеме препознаени по нашите специфичности.

-Повеќепати сум цитирала изјави за Европа како недовршена симфонија и би сакала да кажам во духот на музиката, оти ова “Four Seasons” ме потсетува на Вивалди, а нам музиката особено ни лежи како нација, а дипломатијата може да има и Орфеизам во себе. Македонската музика, мелосот ја обележува седумосминскиот такт, но таа е и ГАЈДАТА, сега заштитена и од УНЕСКО како светско културно наследство. А тој инструмент не е изработен од вчера, има длабоки корени во историското наследство. Тоа можеме да го дадеме и го даваме. Тоа е нашата духовна вертикала во европската и во светската дипломатија. Иако сме мала држава, сакаме да бидеме препознаени по нашите специфичности. И тоа е, сепак, нешто ново, ние ви го даваме како можност за дипломатски преговори, наоѓање компромиси, почитување на дипломатскиот такт, кој не е базиран на диктати и преседани, туку на рамноправност, принципи и фундаменти. Нашите песни, не случајно се често тажни, а ората тешки, па едно од најпознатите се вика „Тешкото“, рече Сиљановска-Давкова.

Како што дополни, лично верува не само во традиционалната, туку и во културната, економската и спортската дипломатија.

-Не ја разбирам дипломатијата како „земи или остави“, туку како уметност на можното, па дури и неможното. Лично, преферирам зелени маси пред зелените војнички униформи. Лично, предност ѝ давам на битката со аргументи одошто со оружје. Лично, верувам во идејата на европското обединување како филозофија на мир, подвлече претседателката.

Таа укажа и дека треба да се врати улогата на Обединетите нации како гарант на светскиот мир и поредок. Глобални предизвици се, истакна, и климатските промени, миграциите, ревизијата на историјата, антисемитизмот,…

-Ако правото на живот е основното човеково право, да не заборавиме. На нашиот континент уште беснее руско-украинската војна во која има многу човечки жртви, разурнувања, употреба на суперсонични оружја, дронови, користење на вештачката интелигенција во воени цели. На Блискиот Исток, исто, на прагот е примирје меѓу Израел и Хамас. Неизвесна е состојбата во Сирија. Ние од почетокот на руската воена операција застанавме на страната на Украина, мислиме дека е тоа не само заради единствената европска политика, туку принципиелно. И прашувам – што стана со меѓународното право, меѓународните организации, меѓународните судови? До кога ќе се повикуваме на Тукидит, наместо на Кант, често прашувам? Зарем не сте вие дипломатите кантовци, а не макијавелисти? Зарем не сте вие врвни промотори и бранители на мирот? Секако дека мораме да размислуваме и на нашата одбрана. Ќе потсетам на еден голем германски политичар, Хелмут Кол, којшто изјави: „Русија е најважниот сосед на Германија на Исток и тоа и ќе остане“. Мисли ли вака и Путин, се прашувам? Да не го повторувам она што го кажав во Њујорк: неопходни се длабоки реформи на Светската организација, која не смее да ја доживее судбината на Лигата на народите. ООН доби Нобелова награда за мир, а ѝ се случуваат војни, истакна Сиљановска-Давкова.

За земјава, рече дека има скромни желби.

-Имам скромни желби за пристојна, досадна европска, правна држава со демократски политички систем заснован на поделба на власта и ефикасни спреги и кочници, со независно судство втемелено на владеењето на правото и посветено на заштитата на човековите права што ужива доверба кај граѓаните, со почитувани малцинства и заштитени ранливи групи, општество на рамноправни граѓани, здрава животна средина, компетитивна пазарна економија, со развиен граѓански сектор, силни и стабилни институции, меритократска администрација од Веберов тип, лојална на Уставот и на законите, а не на партиските патрони, одговорна власт, Уставен суд што ќе ги штити уставноста и законитоста и основните човекови права, објективни и одговорни медиуми, квалитетно образование, стимулирана наука, респектирана култура, поддржуван спорт, развиен здравствен систем, социјална држава или со една реченица, задоволни граѓани, рече претседателката Сиљановска-Давкова.

Доајенот на дипломатскиот кор, словачкиот амбасадор Хенрик Маркуш во своето обраќање на приемот им посака на присутните добро здравје, просперитет и успех во професионалниот и личен живот. Тој и оддаде почит на претседателката Сиљановска Давкова за, како што рече, нејзините извонредни напори во поддршката на иницијативите за помош на онколошките пациенти и другите ранливи групи и замоли за аплауз во знак на признание. Истакна дека на нашата држава не и е потребна инвестиција.

-Брендирањето се наметнува само по себе, бидејќи може гордо да биде позната како „најпријателската земја во светот“, која зрачи со нејзиното гостопримство, одлично вино и срдечни луѓе, истакна Маркуш.

TAGGED:гордана силјановска давкова
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Полициски службеник „падна“ за 50 евра поткуп
Следна статија Кварацхелија се пресели на „Паркот на принцовите“

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На рехабилитација на Пониква се 45 повредени лица од пожарот во „Пулс“, условите сосема ги задоволуваат нивните потреби

Од викендов на двонеделна рехабилитација во одморалиштето на МВР на Пониква се…

June 23, 2025
Зошто ни се приспива околу 14 часот?

Ако сте меѓу оние кои секој ден околу 14 часот чувствуваат потреба…

June 23, 2025

Безос ги менува плановите за свадба поради војната на Блискиот Исток

Џеф Безос наводно бил принуден да…

June 25, 2025

Мицкоски од Прилеп најави две нови економски мерки

Ќе направиме, почитувани прилепчани уште многу…

June 25, 2025

Стојаноски: Со чесна и напорна работа успеавме да станеме една од водечките економии во Европа

На денешната трибина на тема „Економски…

June 25, 2025

Трагедија: Тинејџер од Македонија се удави во Грција

Трагичен инцидент се случи на централната…

June 25, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Бугарскиот парламент ќе отфрли каков било „план Б“ за Македонија

Бугарскиот парламент подготвува декларација за отфрлање на неодамнешните обиди за протуркување на „план Б“ за отклучување на почетокот на преговорите…

May 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филков: Помилувањето не смее да биде злоупотребено за политичка битка

Имајќи ја предвид процедурата за помилување, но и временската рамка кога е испратено мислењето од Министерството за правда, во време…

October 24, 2024
МАКЕДОНИЈА

Фатмир се качи на такси за да не му го земе Пајакот – Раскажа што се случило

Фатмир кој се качи на такси за да не му го земе Пајак раскажа што се случило Вистинска драма се одвиваше…

April 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски во Лондон, преку Инструментот за поддршка на извозот шест милијарди евра за Македонија 

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска и официјално ја почна работната посета на Обединетото Кралство со средба во…

May 21, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?