Целосно ме разоружаа искрените детски прегратки, што со љубов ми го окупираа срцето додека им ги врачував новогодишните пакетчиња, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова во својата објава на мрежата „Икс“.
Од нивните насмеани очиња и зацрвенети обравчиња им се читаше возбуда и љубопитност да ѕирнат во празничното пакетче, кое секое од нив го доби непосредно пред новогодишната ноќ. Детскиот и мелодичен џагор ни го разубави и развесели Кабинетот, каде што вредно работат нивните родители. Нема поголема среќа од тоа да ја споделам празничната магија со нив, да ги видам нивните насмевки и радост додека уживаа во прекрасната новогодишна претстава. Должност ни е да им обезбедиме организирана, праведна и просперитетна татковина, од која нема да се нестрпливи да заминат, напиша претседателката Гордана Сиљановска Давкова на социјалната мрежа „Икс“.
🎁👫 Целосно ме разоружаа искрените детски прегратки, што со љубов ми го окупираа срцето додека им ги врачував новогодишните пакетчиња.
Од нивните насмеани очиња и зацрвенети обравчиња им се читаше возбуда и љубопитност да ѕирнат во празничното пакетче, кое секое од нив го доби… pic.twitter.com/rvMM6bFYOA
— Гордана Сиљановска Давкова (Gordana Siljanovska) (@gogamkd) December 31, 2024