strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Скопје трет најзагаден град во Европа, 23-ти во светот
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Скопје трет најзагаден град во Европа, 23-ти во светот
МАКЕДОНИЈА

Скопје трет најзагаден град во Европа, 23-ти во светот

Објавено January 5, 2025 16:22
strana.mk
Сподели
Сподели

Скопје се наоѓа на 23-то место според аерозагаденоста на светско ниво, и е трет по загаденост на воздухот во Европа по Сараево кое е на 11-то место и Приштина која е 20-та, покажува табелата на платформата „Ај кју аир“.

Нивото на штетните ПМ честитки измерени во 11:30 часот, изнесува 121 единици поради што не се препорачува излегување надвор на хронично болните и децата.

Пред два дена Скопје беше најзагаден град во светот, кога, според платформата „Ај кју аир“ во главниот град беа забележани 263 единици штетни честички.

Во меѓувреме, од Град Скопје денеска информираа дека се спроведуваат засилени инспекциски контроли и се изрекуваат казни и обвинуваат дека од 14 институции здолжени за животната средина, само тие се на терен. Заменичката министерка за животна средина Ане Лашкоска, пак, вчера кажа дека во сила се краткорочни и долгорочни мерки донесени од Владата и упати апел до општините и до сите надлежни институции да се вклучат во активностите за справување со загадувањето на воздухот. Таа побара и локалните самоуправи да ги пуштат на терен општинските инспектори, особено во малите и средните претпријатија, а не само во оние кои имаат А и Б интегрирана дозвола.

Од Град Скопје соопштија дека инспекторите од градскиот Инспекторат продолжуваат со засилениот инспекциски надзор на терен 24 часа, со цел намалување на аерозагадувањето и заштита на животната средина.

Менувањето на имињата на улици се прави на насилен пат, без квалитетна јавна дебата и со многу политика. Од ветениот зиплајн, луна парк, нови булевари, подземни сообраќајници, тунел под кале
-Неселективно се изрекуваат казни за сите што не го почитуваат законот, ја загадуваат животната средина и го загрозуваат здравјето на граѓаните. Во изминатата година, Градот Скопје има изречено казни од 9 до 100 илјади евра за правни лица и соодветни казни против физички лица, кои се затекнати како креираат диви депонии, ги палат и го прекршуваат законот, соопштија денеска од Одделението за односи со јавноста при Град Скопје.

Посочија дека во услови на нотирано зголемено загадување на амбиенталниот воздух во Град Скопје, покрај Инспекторатот на Град Скопје, во градот има уште вкупно 14 институции што имаат надлежност и обврска да постапуваат при загадување на животната средина и загрозување на здравјето на граѓаните. -Меѓу кои, Министерството за животна средина, Министерството за внатрешни работи, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот градежен инспекторат, инспекциските служби на десетте општини во Град Скопје, наведоа оттаму.

Во соопштението, воедно се наведува, дека досега единствено Градот Скопје секојдневно реагира, „додека останатите не постапуваат, иако за истото имаат законска обврска“.

– За време на изминатата недела инспекторите за животна средина на градот Скопје и комуналните инспектори имаат санкционирано со изречени казни над 20 сторители, а секоја недела во просек се изрекуваат помеѓу 20 и 30 санкции. Град Скопје во минатата година поднесе повеќе кривични пријави за исфрлање и согорување опасен отпад и загрозување на животната средина, за кривична одговорност против сторители затекнати како исфрлаат опасен отпад, азбестни плочи и друг градежен отпад, меѓу што и опасен канцероген отпад во зелен појас, со што се нагрдува градот и доведува во опасност на животот и здравјето на скопјани, појаснија од Град Скопје.

За жал и по повеќе од две години, како што се додава во соопштението, сѐ уште нема реакција од Обвинителството, по поднесената кривична пријава за „Усје“, „каде се измерени трипати повеќе ПМ10 честички што се испуштаат во атмосферата од дозволените, на метар кубен секој час, што како сериозни прекршувања, се спротивни на издадената А интегрирана еколошка лиценца, што ја издава Министерството за животна средина“.

– За загадувањето од котларата за загревање на цементарницата, утврдено е дека има надминување на граничните вредности на азотни оксиди NOx при што резултатите од мерењата покажале повеќе од двојно поголеми вредности од дозволените 350 милиграми, односно покажале 711,9 милиграми на метар кубен, се нагласува во соопштението на Градот.

Град Скопје со цел подобрување на квалитетот на воздухот, се истакнува, реализира конкретни мерки во текот на целата година, односно се доделуваат субвенции за инвертери, велосипеди, чистење оџаци, замена на азбестни кровови.

– Воедно се спроведуваат мерки за зголемена енергетска ефикасност, зголемени инспекциски контроли, нови зелени површини и појаси, нови велосипедски патеки. Со овие мерки и активности што Град Скопје континуирано ги реализира, се делува превентивно кон изворите на загадување на воздухот, што потекнуваат од сообраќајот и користење несоодветни енергенси. Секој месец организира еко-акции за садење дрвја и зазеленување нови површини во соработка со средните училишта на Град Скопје, со што се подига нивото на свесност кај младите за важноста на здравата животна средина, се подвлекува во соопштението.

Од Град Скопје потенцираа дека исто така се спроведува зачестено машинско чистење на улиците и пешачките површини во надлежност на Градот и нивно миење кога временските услови тоа го дозволуваат, согласно законските рокови.

Активно се контролира имплементацијата на одлуката и контролата на сообраќаен режим за тешки товарни возила, чија крајна дестинација не е Скопје, во координација со МВР – да се користи обиколницата. Потсетуваат дека Град Скопје аплицираше со свој проект и самостојно доби шест еколошки автобуси од Европската Унија, со цел подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух

TAGGED:европазагадувањесвета анаскопје
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Велешанец пријавен за исчезнат пронајден починат
Следна статија Кој беше Костас Симитис: Прв грчки премиер што дојде во Скопје, се залагаше да се најде прифатливо решение за името

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во мај пријавени се три случаи потврдени на ХИВ и два случаи на СИДА

Во текот на мај, во државава пријавени сe вкупно 902 заболени лица…

June 17, 2025
Во болницата во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од дискотеката „Пулс“, земени се мерки за изработка на компресивни маски за врат и лице

Во Општата болница во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од катастрофланиот…

June 17, 2025

Димитриевски: За одредени градови ќе имаме предизборна соработка со ВМРО-ДПМНЕ

Дефинитивно за одредени градови ќе имаме…

June 18, 2025

Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Директорот на Фондот за здравствено осигурување…

June 18, 2025

Вучиќ најави голема воена парада во Белград во септември

Српскиот претседател Александар Вучиќ за време…

June 18, 2025

Србинка пронајдена мртва на плажа во Грција

Државјанка на Србија (73) е пронајдена…

June 18, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

УКИМ почнува со дигитализација на сите студентски сервиси, за воведување електронски индекс ќе бидат потребни година и пол, вели ректорката Биљана Ангелова

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ овој месец почнува со целосна дигитална трансформација. Најпрво ќе ги дигитализира сите студентски сервиси и…

March 3, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Премиерот Мицкоски учествува на 6. Самит на Европската политичка заедница во Тирана

Во Тирана денеска ќе се одржи шестиот Самит на Европската политичка заедница на тема „Нова Европа во новиот свет: единство…

May 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Има обиди за нарушување на меѓуетничките односи

„Јас мирно спијам, така да можат и граѓаните мирно да спијат“- На овој начин одговори министерот за внатрешни работи Панче…

October 4, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Македонија ќе биде меѓу првите пет најбрзо растечки економии во Европа

Македонија ќе биде 5-та земја во Европа според економскиот раст годинава – ова се очекувањата на премиерот Мицкоски за 2025-та.…

January 7, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?