Во 2024 година, Кина стана доминантна сила во глобалната трговија, претекнувајќи ги Соединетите Држави (САД) како најважен трговски партнер на повеќето земји во светот. Овој тренд означува драматичен пресврт од 2000 година, кога САД беа неприкосновен лидер во глобалната трговија.
Во 2000 година, вкупната трговија на САД изнесуваше 2,0 трилиони долари, додека кинеската трговија беше значително помала, на само 474 милијарди долари.
Во тоа време, Кина беше главен трговски партнер на само неколку земји, вклучувајќи ги Куба, Иран, Либија, Мјанмар, Северна Кореја, Судан и Виетнам. Сепак, од 2000 до 2024 година, кинеската трговија забележа неверојатен раст од 1.200%, додека трговијата на САД порасна за 167%.
Во апсолутна смисла, вкупната трговија со САД сега изнесува 5,3 трилиони долари, додека Кина достигна 6,2 трилиони долари, надминувајќи ја САД во 2012 година.
Регионална доминација на Кина
Денес, Кина е главен трговски партнер на повеќето земји во Азија, Источна Европа, Блискиот Исток, Океанија, Јужна Америка и Африка. Се очекува да продолжи да ги продлабочува економските врски со земјите во развој во иднина, особено со увоз на гориво, минерали и земјоделски производи, а во исто време извоз на индустриски и технолошки производи. Од друга страна, САД одржуваат доминантна трговска позиција во Северна Америка, Европа (освен Русија), Северна Африка и Индија. Овие региони се очекува да продолжат да ги зајакнуваат трговските врски со САД во иднина.
Трговските односи меѓу Кина и Македонија
Кога станува збор за Македонија, трговската размена со САД во 2000 година изнесувала 221 милиони долари, додека со Кина била значително помала, само 7 милиони долари.
До 2024 година, трговијата на САД со Македонија порасна на 234 милиони долари, додека трговијата со Кина достигна 490 милиони долари, што го покажува значителниот раст на кинеското влијание врз економските односи во регионот.
Овој пресврт во глобалната трговија јасно покажува како Кина станува водечка светска економска сила, додека САД се соочуваат со предизвици во одржувањето на својата моментална доминација на меѓународниот пазар.
Целосните податоци за трговските односи на Кина и САД со остатокот од светот можете да ги видите овде.