Словенија бара работници од Македонија за потребите на тамошните компании
Се бараат доктори, негуватели, медицински сестри и браќа, возачи, градежни работници, водоинсталатери.
Словенија годишно има потреба од 150.000 нови работници, а за две години и 10 месеци, во оваа држава легално се вработиле 11.400 граѓани од Македонија.
И денеска, дел од нашите граѓани се информираа што услови нудат словенечките работодавачи. Нудат многу, но за дел од нашинците, парите не се најважни зошто сакаат да ја напуштат државава.
Младите доктори велат и дека платите во Словенија се подобри, но и можноста за специјализација.
Од словенечките фирми кои денеска се претставуваа во Скопје пред македонските работници, велат дека даваат добри услови за работа и за живот.
Освен во Скопје, вакви презентации ќе се одржат утре во Штип во хотел „Оаза“ и во Прилеп во среда во хотел Кристал Палас.
Улогата на Заводот за вработување на овие настани е да ја зајакне информираноста на работниците, односно да го подобри нивниот пристап до информации за правата, постапките за вработување, законодавството итн., на разбирлив начин, бидејќи на таков начин, на работниците мигранти, може да им обезбедат еднакви права и третман како на домашните работници, да се олесни нивната успешна интеграција во општеството и истовремено да се намали можноста за нивна експлоатација или злоупотреба на работното место