Двократната светска шампионка Ника Превц од Словенија постави светски рекорд во скијачки скокови, прескокнувајќи денеска во норвешки Викерсунд 236 метри, што е за 45,5 метри подолго од нејзиниот личен рекорд.
Деветнаесетгодишната Словенка дури двапати постави нов светски рекорд на денешниот тренинг. Таа го подобри претходниот рекорд на Норвежанката Силја Опсет од минатата година на истата скокалница за 5,5 метри.
Превц претходно имаше личен рекорд од 190,5 м.
Светскиот рекорд во машка конкуренција е во сопственост на Австриецот Штефан Крафт кој во 2017 година прескокна 253,5 метри.
Словенката Превц постави светски рекорд во скијачки скокови
