strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Случајот го пријавил нејзината мајка: Жртвата на насилникот од Радовиш не сакала да поднесе предлог за гонење, рекла дека снимката е од лани
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ХРОНИКА > Случајот го пријавил нејзината мајка: Жртвата на насилникот од Радовиш не сакала да поднесе предлог за гонење, рекла дека снимката е од лани
ХРОНИКА

Случајот го пријавил нејзината мајка: Жртвата на насилникот од Радовиш не сакала да поднесе предлог за гонење, рекла дека снимката е од лани

Објавено March 27, 2025 13:11
strana.mk
Сподели
Сподели

Министерството за внатрешни работи информира дека во врска со видео записот кој беше споделен на социјалните мрежи, а во кој се гледа како машко лице насилно се однесува кон женско лице, СВР Струмица ги презеде сите службени дејствија кои се во надлежност на полицијата, поврзани со конкретниот случај, и насилникот е лишен од слобода.

-Имено, настанот во СВР Струмица беше пријавен на 23.03.2025 (недела) во 08.25 часот од страна на мајката на жртвата. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш. Утврдено е дека машкото лице е А.А.(35) од Радовиш, кој истиот ден во 09.20 часот е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Радовиш. Исто така, бил извршен службен разговор и со нападнатата жена, во присуство на социјален работник од Јавна установа Меѓуопштински центар за социјални работи Радовиш, при што таа кажала дека видео записот е од јули 2024 година, информира МВР.

Од полицијата додаваат дека бидејќи во конкретниот случај постои сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2 во врска став 1 од Кривичниот закон, каде во став 5 од истиот член стои дека гонењето се презема по поднесување на предлог за гонење, од жртвата било изјавено дека не сака да поднесе предлог и дека видеото било доставено од нејзината мајка.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, по чии насоки биле преземени и понатамошните мерки. Врз основа на преземените мерки, од страна на ОВР Радовиш до Основното јавно обвинителство Радовиш на 25.03.2025 е поднесена кривична пријава против А.А. поради постоење на сомнение дека сторил кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2, а во врска став 1 од Кривичниот закон. Продолжуваат да се преземаат дејствија за целосно испитување на настанот.

TAGGED:насилникрадовиш
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија За мајката на која ѝ пукна водењакот кога дозна дека сопругот е почина, за полицајците кои миеле повредени и менувале инфузии…
Следна статија Таравари: Се враќаат 8 пациенти од лекување, 9 се пуштени од болниците во Скопје, 4 критични имаат подобрувања

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова е храна богата со магнезиум

Повеќето луѓе не сфаќаат колку е важен магнезиумот за здравјето. Магнезиумот е…

August 2, 2025
Пиењето кафе може да биде опасно, еве што вели науката за тоа!

За многу луѓе, кафето е незаменлив дел од секојдневието – посебно наутро.…

August 2, 2025

Петрушевски: Осудуваме секаков вид на националистички испади и говор на омраза

Вчера имаше одличен натпревар во реновирана…

August 3, 2025

Оваа компанија повлекува над 312.000 возила поради проблем со сопирачките

Повеќе од 312.000 возила во САД…

August 3, 2025

Македонка повредена во сообраќајка на Алјаска

Едно лице загина, а едно е…

August 3, 2025

Маж паднал од тротинет, не побарал помош, па починал по неколку дена

Починат 55-годишен скопјанец бил однесен во…

August 3, 2025

РАЗНО

ХРОНИКА

„Ќерка ти усмрти дете-мигрант, плати ни 30.000 евра“: Маж од Бугарија правел дрска измама во Македонија

СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.М.(59) од Република Бугарија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.…

February 17, 2025
ХРОНИКА

Сарамаков за 50.000 евра ги оддал службените документи, дозволил сведок да ги снима

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска…

April 1, 2025
ХРОНИКА

Малолетник од Тетово добил труење од алкохол во Струга

Малолетник од Тетово добил труење од алкохол во Струга, кривично ќе одговараат правното лице, односно продажниот објект, управителот и вработениот…

May 9, 2025
ХРОНИКА

Засилени контроли на скопските улици: Тошковски со апел да се однесуваме одговорно

Полициските контроли засилено почнаа да се одвиваат на скопските улици, особено по несреќата во која загина 22-годишната Фросина. Министерот Тошковски…

February 6, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?