strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Собранието без расправа донесе повеќе законски решенија, меѓу кои и на Законот за медиуми и на Законот за минимална плата
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Собранието без расправа донесе повеќе законски решенија, меѓу кои и на Законот за медиуми и на Законот за минимална плата
МАКЕДОНИЈА

Собранието без расправа донесе повеќе законски решенија, меѓу кои и на Законот за медиуми и на Законот за минимална плата

Објавено April 22, 2025 14:47
strana.mk
Сподели
Сподели

Собранието во рамките на денешната работата по дневниот ред на 44. седница без расправа донесе 19 законски решенија за изменување и дополнување на закони, меѓу кои и на Законот за градење, Законот за медиуми и Законот за минимална плата. Без расправа едногласно со 82 гласа „за“ на второ читање беше проследен и Предлог законот за енергетика.

Во образложението за потребата од носење на Законот за енергетика министерката за енергетика Сања Божиновска рече дека претставува обврска за транспонирање на европското законодавство поврзано со Пакетот за чиста енергија, посочувајќи дека рокот на земјава за транспонирање на директивите и регулативите од Пакетот за чиста енергија е изминат повеќе од една година.

Со новиот Закон за енергетика, додаде, се спроведуваат неколку важни чекори од реформската агенда како што се спојување со пазарот на електрична енергија на ЕУ и приклучување на европскиот пазар на ден однапред, согласно барањата на Енергетската заедница. Се предвидува и ранливите потрошувачи освен од Универзалниот снабдувач да може да се снабдуваат и од друг снабдувач со електрична енергија.

Законот за изменување и дополнување на Законот за градење беше донесен со 65 гласа „за“ и 10 „против“, а како што рече заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири со измените се предвидува компаниите да имаат лиценци за вршење на градежни активности, а доколку работат спротивно на законот да им се одземаат лиценците во областа на градежништвото.

Изгласани беа и измените и дополнувањата на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност, на Законот за вработување и работа на странци, на Законот за Европски работнички совет, на Законот за евиденциите во областа на трудот, на Законот за практикантство, на Законот за правна заштита на услугите кои се засноваат на, или опфаќаат, условен пристап, на Законот за мирно решавање на работните спорови, на Законот за стечај, на Законот за индустриската сопственост, на Законот за надзор на пазарот, на Законот за техничките барања за производите и оцена на сообразност, на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, на Законот за процена и на Законот за авторското право и сродните права.

Едногласно со 79 гласа „за“ беа донесени дополнетите предлог одлуки за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на државата, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти и Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на државата.

Собранието денеска ја именува Христина Серафимовска од Штип, дипломиран економист и доктор на економски науки за директор на Агенцијата за квалитет во високото образование. Помина и одлуката за избор на здруженија од областа на човековите права, полициското право и правосудството за механизмот за граѓанска контрола во состав на Народниот правобранител. Контролата ќе ја вршат Здружение на граѓани ЦЕНТАР ЗА РЕГИОНАЛЕН ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ од Неготино, Здружение на граѓани за остварување и унапредување на човековите права, одржлив локален и рурален развој и прифаќање на културната разноличност ЕДИНСТВО НА ЗАЕДНИЦИТЕ од Скопје и Здружение за поттикнување и промоција на информатиката АСОЦИЈАЦИЈА НА СТУДЕНТИ И ИНФОРМАТИЧАРИ од Скопје.

Со 9 гласа „за“ и 68 „против“ Собранието не го прифати Годишниот извештај за работата на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2024 година. Не беше прифатен и Годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2024 година, бидејќи „не ги постигнал целите“, иако претходно едногласно беа прифатени Финансискиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2025 година, Стратешкиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2025 година и Годишната програма за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2025 година. Ова пратеникот Фатмир Битиќи од СДСМ го оцени како лицемерие.

-Гласате против оваа точка иако претходно ги прифативте сите три точки кои се однесуваат на Годишниот извештај. Кога не ви се допаѓаат луѓето ќе ги разрешите. За оваа точка гласањето за е заради тоа што луѓето кои во овој момент ја водат комисијата не се ваши и продолжуваат да работат овие кои ги окарактеризирате како политички. Ретко ќе најдете институција која има 98 отсто успешност во работењето. Не може да се каже дека заради непрофесионалност ова раководство не чини, рече Битиќи.

Во реплика Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ рече не се работи за „ваши или наши и за подобни или неподобни, туку за луѓе кои непрофесионално си ја вршеле работата и богателе криминалци на сметка на граѓаните“.

-Очекуваме тие кои ќе дојдат дека ќе одлучуваат професионално. Седум години цела држава знаеше како се делат тендери, а само овие во комисијата не знаеле и не виделе, рече Стојаноски.

Собранието со прост премин го заврши претресот по годишниот извештај на Агенцијата за електронски комуникации за 2024 година, на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2024 година, и на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2024 година.

Кога ќе има услови, како што информира претседателот на Собранието Африм Гаши, ќе бидат разгледани годишните извештаи на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права, на Државната комисија за спречување на корупцијата, на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и на Агенцијата за заштита на личните податоци, сите за 2024 година и во второ читање.

TAGGED:без расправазакон за медиумизакон за минимална платасобрание
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија ЗНАМ размислува за самостојни советнички листи и соработка со ВМРО – ДПМНЕ за кандидати за градоначалници
Следна статија УЈП: Поддршка за поднесување на ДДВ-04 пријави, рокот е до 25 април

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Затвореници во Гватемала држат 46 лица како заложници

Затвореници во Гватемала ја презедоа контролата…

January 18, 2026

(ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева победи во The Voice of Europe

Младата и талентирана струмичанка, Тина Русева…

January 18, 2026

(ВИДЕО) Заев и Филипче правеле притисок да му ја преземат клиниката, тврди Жан Митрев

Доктор Жан Митрев во емисијата на…

January 17, 2026

(ВИДЕО) Клиниката за психијатрија вдоми лабрадор кој им помага на пациентите во терапискиот процес

Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје…

January 15, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Не бил само еден патник во возот Скопје-Куманово (ВИДЕО)

Kако одговор на тврдењаta дека немало интрес за патување со воз на релација Скопје -Куманово и дека на оваа линија…

February 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова денес на одбележувањето на 80-годишнината од ослободувањето на Аушвиц

Шефицата на македонската држава Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе престојува во посета на Република Полска, по повод одбележувањето на 80. годишнината…

January 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Да ја оспориме неправдата – претседателката Сиљановска Давкова на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на централниот настан насловен „Насилство врз младите жени и девојки: сексуално вознемирување, демнење…

November 24, 2024
МАКЕДОНИЈА

Каја Калас в петок во Скопје на средба со Мицкоски

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика денеска заминува на турнеја низ Западниот Балкан, во чии рамки…

May 21, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?