Летото Ралф Шумахер призна дека има љубовна врска со Етјен Буске-Казањ, а таа информација одекна низ целиот свет.
Поранешната сопруга Кора Шумахер изјавил дека не знаела дека Ралф е геј, но тој го тврди спротивното. Тој рече дека Кора била свесна за ситуацијата.
Сега има нови бурни моменти.
Во интервјуто кое го дадоа за германски „RTL“ во септември, Ралф и Етјен уште еднаш потврдија дека Кора знаела за нивната врска.
Кора Шумахер сега бара дополнително појаснување за тврдењето на нејзиниот поранешен сопруг и му наложила на својот правен тим да испрати писмо до адвокатите на Ралф во кое се наведува дека тврдењето е лажно, објави Билд.