На 01.08.2025 во 19:51 часот во ОВР Виница, од Итна медицинска помош Виница е пријавено дека од страна на родителите кај нив бил донесен деветгодишен малолетник со повреди на главата и телото, а, според пријавеното, бил нападнат од страна на нивниот сосед С. Т. (45).
Од страна на полициски службеници од НККР при ОВР Виница, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.