strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Со поддршка на приватната академија „Бреинстер“ се воведува вештачката интелигенција во средните училишта, ќе се применува по сите предмети
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Со поддршка на приватната академија „Бреинстер“ се воведува вештачката интелигенција во средните училишта, ќе се применува по сите предмети
МАКЕДОНИЈА

Со поддршка на приватната академија „Бреинстер“ се воведува вештачката интелигенција во средните училишта, ќе се применува по сите предмети

Објавено July 18, 2025 14:53
strana.mk
Сподели
Сподели

Вештачката интелигенција (ВИ) ќе биде воведена во средното образование и ќе се применува за различни теми по сите предмети и во слободните училишни активности. Ќе им биде корисна на учениците да размислуваат креативно, на наставниците за да ги планираат предавањата и тестовите, како и за автоматизирање на различни административни процеси во училиштата.

За воведување на ВИ во наставата, МОН и Бирото за развој на образованието ќе имаат стручна поддршка од приватната високообразовна установа и друштвото за интернет едукација кои работат под брендот Бреинстер, со која соработката беше формализирана денеска со меморандум.

Министерката Весна Јаневска рече дека учениците веќе го користат ChatGPT и, за разлика од генерациите пред 20 години, постојано се со паметни телефони. Затоа, рече, во наставата се воведени и смарт-таблите бидејќи таблите со креда не им се привлечни.

Со вештачката интелигенција може за една до две минути да се добијат распоред за часови и распоред на наставници, може да им ги средува сметководствените потреби, на наставниците може да им направи наставни ливчиња, ако ги има податоците за темата што се учи, може да им направи тестови, вежби… Децата може да ја користат на една платформа да вежбаат, да решаваат задачи, да одговараат прашања од одредена тема во учебникот. Се тоа ќе биде многу побрзо и ќе биде соодветно на она што се случува во светот во овој момент. Најголемата придобивка од ВИ за учениците ќе биде тоа што ќе ги натера да мислат и што ќе им овозможи она што на нашите деца им недостасува според ПИСА-тестирањето, истакна Јаневска.

Како што рече, важно е учениците и да се заштитат при користењето на ВИ и да ги проверуваат добиените информации, да стекнат знаења и вештини и за етичка примена на вештачката интелигенција во секојдневието, за време на наставата, а понатаму и во нивните професии.

На ова поле интензивно работиме и не чека многу работа во следниот период. На Факултетот за информатика во Штип веќе подготвуваме документ со насоки за наставниците и за учениците за примена на ВИ од септември, што ќе биде увертира на воведувањето конкретни теми во наставните програми за секое одделение. Примарниот фокус на меморандумот што денеска го потпишуваме е поддршка на воведување на вештачката интелигенција во средните училишта. Но, Бреинстер ќе помогне и во интегрирање на претприемништвото како област и тема во наставните програми во средното образование, додаде Јаневска.

Посочи и дека во Регионалниот центар за средно стручно образование во Битола се воведува насока за вештачка интелигенција во четири години и дека веќе се изготвуваат плановите и програмите со странски експерти.

Основачот на Бреинстер групацијата, Петар Ниновски, на прес-конференцијата истакна дека е многу важно младите уште во средно образование да почнат да се едуцираат за оваа технолошка иновација.

Потенцираше дека за нив ова е значаен ден бидејќи се формализира соработката со МОН и се прави „голем чекор напред кон системски пристап во воведување на вештини поврзани со познавањето на вештачката интелигенција во средното образование“.

Веруваме дека заеднички можеме да изградиме образовен систем што не само што ги следи светските трендови, туку и активно учествува во нивното дефинирање. Среќни сме што државата го препозна потенцијалот кој го поседуваме и особено сме благодарни на министерката Јаневска за покажаното лидерство и визија. Младите заслужуваат квалитетна подготовка за да може да создаваат подобра иднина за Македонија. Чест ни е што сме дел од овој процес на трансформација на општеството, рече Ниновски.

TAGGED:вештачка интелигенцијајаневска
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ брутално ја партизира М-НАВ, се загрозува безбедноста на патниците во авиосообраќајот
Следна статија Мицкоски: Македонија го зајакнува својот одбранбен капацитет- набавени артилериски системи и опрема согласно НАТО стандардите

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

 Граѓаните почнаа да му пишуваат на министерот Алиу: Доцнење на прегледи и на резултати, скопјани со најмногу поплаки за здравството

Министерството за здрвство добило 90 пријави од граѓани кои се пожалиле на…

July 16, 2025
ИСТРАЖУВАЊЕ: 53% од девојчињата и 19% од момчињата на возраст на 15 години имаат депресивно расположение

Асоцијација за здравствена едукација и истражување- ХЕРА, ги информира граѓаните од Општина…

July 16, 2025

Ова се противниците на РК Вардар во Лигата на Европа

Освојувачот на Купот на Македонија екипата…

July 18, 2025

Бугарските служби преку нивни медиуми водат хајка против Мицкоски

Oткако премиерот Христијан Мицкоски ја извади…

July 18, 2025

Доаѓа пекол време: Министерството за здравство ги потсетува граѓаните да ги почитуваат општите препораки

Министерството за здравство потсетува да се…

July 18, 2025

Предметот за пожарот во „Пулс“ префрлен во надлежност на ОЈО Скопје

Јавното обвинителство на Република Македонија донесе…

July 18, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Тетово – Гостивар

Утре 03.05.2025 година (сабота) во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на…

May 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Завршена обдукцијата на сите починати во пожарот во Кочани

Обдукцијата на починатите во пожарот во дискотеката во Кочани е завршена денеска, соопшти попладнево министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Жените се „моторот“ на општествените промени

На 20-тата Годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, која денеска се одржува во Градскиот парк во Скопје, премиерот…

May 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Извршен увид на местото на тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место а тешката сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола…

October 3, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?