Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посета на општината Илинден,одговарајќи на новинарско прашање, потврди дека со новите услови, компаниите-баратели на средства од унгарскиот кредит од 250 милиони евра, нема да мора да инвестираат во производни капацитети.
Тој потврди дека со кредитната линија за која ќе се аплицира преку деловните банки ќе може операторите да градат трговски центри и фотоцентрали за продажба на електрична енергија.
– Тоа е затоа што правиме анализа, 250 милиони евра е побарувањето на економските оператори да земат заем. Кога ќе ги ограничите можностите, ќе ги ограничите економските оператори и така може да се земат само 120 милиони евра и останатите да останат неискористени. Од тие причини сакаме да го прошириме се она што ќе има позитивен импакт на БДП-то во економијата. Сега е се дефинирано, завршено е, договорот е готов. Во вторник на владина седница тоа ќе помине и се надевам дека до крајот на месецот ќе се потпише со банките. Ги повикувам економските оператори да подготват проекти и да аплицираат, речеМицкоски.
Делот од унгарскиот кредит од 250 милиони евра ќе се враќа со камата од 3,25 отсто, која ќе ја плаќаат граѓаните, додека компаниите кои ќе аплицираат за заемите ќе плаќаат само банкарска провизија од 1,95 проценти.