strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Специјална антитерористичка единица „ТИГАР“ – 44 години чувар на безбедноста и заштита на татковината
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Специјална антитерористичка единица „ТИГАР“ – 44 години чувар на безбедноста и заштита на татковината
МАКЕДОНИЈА

Специјална антитерористичка единица „ТИГАР“ – 44 години чувар на безбедноста и заштита на татковината

Објавено March 13, 2025 11:49
strana.mk
Сподели
Сподели

Чувари на уставниот поредок на државата, реализација на највисоки борбено-технички задачи. Синоним за обученост според највисоки стандарди кои ги налага борбата против тероризмот и насилниот криминал. Елита меѓу елитите. Специјална антитерористичка единица Тигар.

Време на собирање искуство, созревање, посветеност, време кое е плод на сите генерации поминати во единицата. Време кое денеска запишува близу половина век, 44 години од формирањето на „Тигрите“.

На 13 март во 1981 година во Министерството за внатрешни работи, во рамките на поранешниот Секретаријат за внатрешни работи на Социјалистичка Република Македонија, е формирана Единицата за специјални задачи „Тигар“.

Единицата одигра важна улога во процесот на осамостојување на Република Македонија, а имаше значаен удел во справувањето со повеќе безбедносни предизвици со кои се соочи Македонија на патот од осамостојувањето па се до денес.

-Со текот на годините единицата и структурно и формациски се менувала, како и опремата напредувала. И во делот на вооружувањето, и во делот на средствата и опремата која ја користат припадниците, така и во возилата и полигоните за обука, вели припадник на САЕ Тигар во изјава за Курир.

Тие го гарантираат мирот, слободата и безбедноста на сите граѓани на Република Македонија. Токму тука секој припадник ја наоѓа мотивацијата да се приклучи на единицата.

-Мотивацијата и желбата на еден припадник за да биде дел од нашата единица е пред се’ повикот. Повикот е зачувување на безбедноста и поредокот на нашата држава притоа давајќи саможртва, со цел успешност во извршувањето на задачите, истакнува припадникот на единицата.

МВР

Пред четири години „Тигрите“ се преименуваа, од Единица за специјални задачи во Специјална антитерористичка единица, потреба која се јавила поради глобалните случувања и закани.

-Знаеме дека тероризмот нема граници, тоа значи дека е секаде, па и кај нас. Задачите кои произлегуваат од актуелните безбедносни состојби наметнаа да го смениме начинот на извршување на задачите и самиот тип на задачи. Така произлезе потребата да се преименуваме во Специјална антитерористичка единица Тигар со цел решавање на сложени безбедносни закани како што се тероризмот, екстремниот радикализам и други задачи, нагласува припадникот на САЕ „Тигар“.

Зад нив стојат поминати часови и часови напорни тренинзи, исклучителна ментална и физичка подготвеност, како и искуство од многубројните извршени сложени безбедносни задачи.

Обуките се дел од нивните секојдневни обврски, а одлична соработка во овој сегмент имаат и со странски сродни единици, се во насока на што поголемо усовршување и подготвеност на единицата.

-Извршуваме обука самостојно од нашите инструкторски тимови, но исто така подлежиме и на обука со сродни полициски и воени единица, како во странство, така и дома.  Она што најмногу го практикуваме е усвојување на нови тактики при извршување на задачите, но исто така и голем акцент на размена на искуства, вели припадникот на „Тигар“.

Алпинистички тим, нуркачки, снајперски тим, тим за отстранување бариери при влез во простории, преговарачки тим, медицински тим, тим за беспилотни летала и тим за службени кучиња кој е во развој, се составен дел од САЕ Тигар кои се во секој момент подготвени за решавање на сложени ситуации. Но, како и во секоја професија, така и во оваа, припадниците на „Тигрите“ имаат предизвици.

-Најголемите предизвици со кои се соочува еден припадник на единицата се успешност во извршувањето на задачата, а притоа да не дојде до несакани последици, односно повреда на некој од припадниците или пак повреда на лица кои што се затекнати на самото лице место, недолжни цивилни граѓански лица, велат од „Тигрите“.

Неретко како единица учествуваат и во спасувачки акции. Најчесто тоа се спасувања на лица на тешко пристапни планински терени, или извлекување на лица од водени површини. Голем дел од спасувачките акции се пресликуваат во сценаријата од обуките кои ги изведуваат, бидејќи како што велат, гледаат ситуациите да бидат што поблиску до реалноста.

Од своето формирање, па се до денес, секој припадник дал свој придонес, бил пожртвуван и оставил печат, пишувајќи ја историјата на „Тигар“. Човечките загуби со кои се соочи единицата не се забораваат. Припадниците на „Тигар“ го чуваат споменот на своите колеги кои ги дадоа животите при зачувување на државната безбедност. Нивната жртва е аманет и водилка за сегашните и идните генерации, да опстојат на нивниот пат и да не заборават што значи да се биде припадник на „Тигар.“

Овие момци и девојки не се откажуваат од своите цели, а меѓу нив е вмрежувањето во АТЛАС мрежата.

-Следните цели се модерно опремување, поставување на нови полигони за увежбување и вмрежување во АТЛАС мрежата, односно АТЛАС мрежа на специјални полициски единици од Европската Унија каде ќе можеме да ги размениме искуствата помеѓу единиците, но исто така да увежбуваме различни сценарија кои произлегуваат од реалните ситуации, вели за Курир припадник на единицата.

Од заклетвата која ја даваат отстапки нема. И како што и самите тие велат „патот до совршенството е бесконечен, затоа патувањето непрекинато трае“, што го отсликува стремежот на припадниците со напорна работа да се надградуваат секој ден, се повеќе и со тоа да придонесат во градењето на подобар безбедносен систем за заштита на нашата татковина.

МВР
TAGGED:специјална антитерористичка единицатигар
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија ОЈО ГОКК го обжали решението за куќен притвор за Јахоски
Следна статија За две години институциите набавиле нови возила за 8,5 милиони евра, покажа истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən ənənələr

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən…

March 10, 2026

Master essential tips and tricks for a successful casino experience

Master essential tips and tricks for…

March 10, 2026

Mastering casino strategies Essential tips and tricks from chicken road casino

Mastering casino strategies Essential tips and…

March 10, 2026

Mythos & Millionen Spiele gates of olympus und ergreife deinen Anteil am göttlichen Reichtum.

Mythos & Millionen: Spiele gates of…

March 10, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Агелер: Честитки до Шеќеринска, идниот заменик-генерален секретар на НАТО и до премиерот Мицкоски и Владата што ја поддржаа нејзината кандидатура

Американската амбасадорка Анџела Агелер упати честитка за изборот на Радмила Шеќеринска за заменик генерален секретар на НАТО. Честитки до Радмила…

November 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Mинатата власт го промашила проектот за санација на објектот „стара Комерцијална банка“

Директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски за „Република“ откри дека минатата власт целосно го промашила проектот…

December 16, 2024
МАКЕДОНИЈА

Возрасна мечка бркала 15-годишно момче во околината на Македонски Брод

Возрасна мечка вчера бркала 15 годишно дете во атарот на селото Крапа во Општина Македонски Брод. Детето, кое во тој…

February 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од сабота до вторник ЈСП ќе сообраќа по неделен возен ред

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) денеска соопшти дека од сабота до вторник ќе работи по неделен возен ред, додека жичницата ќе…

January 3, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?