59 милиони граѓани во Германија гласаа на предвеременитe парламетнрани избори, каде треба да се изберат 630 пратеници. Според анкетите Фридрих Мерц лидер на опозициската Христијанско-демократска унија ЦДУ има најголеми шанси да биде новиот канцелар.
На изборите за функцијата канцелар се натпреваруваат пет партиски кандидати, иако формално шефот на владата го избира новиот Бундестаг дури по изборите. За нов германски лидер се борат четворица кандидати: актуелниот социјалдемократски канцелар Олаф Шолц, Фридрих Мерц кандидат на главната конзервативна христијанско-демократска унија (цду), актуелниот заменик канцелар Роберт Хабек од еколошката партија зелени и Алис Вајдел од екстремната десница, антиимиграциската афд. Според анкетите ниту една парија самостојно нема да може да формира влада. А актуелниот канцелар Шолц денот на изборите го почна со утринско трчање, а потоа ги повика граѓаните да излезат на гласање. Граѓаните очекуваат подобар живот.
Според аналитичарите економијата е во рецесија и голема е дискусијата за прашање за миграцијата, но и позицијата на Германија во Европа и меѓународно особено со однос со САД.
-Колку е веројатно Фредерик Мац да биде следниот канцелар?
-Многу е веројатно неговите конзервативци да бидат најсилната партија што ефективно ќе победат на изборите, но нема да имаат доволно гласови сами да формираат влада, па ќе мора да најдат други партии со која ќе формираат влада и со која ќе формираат влада. Прашањето е кои ќе бидат социјалдемократите за кои Олаф Шулц има можност, а има и зелените кои се слично силни, а кои исто така би можеле да бидат можен коалициски партнер тогаш има голем број на многу мали партии кои би можеле или не би можеле да влезат во парламентот, така што тоа прашање е многу отворено во моментот, она што е целосно исклучено е можноста за соработка со екстремната десница.
Десетици илјади луѓе ширум Германија протестираа против АфД и Фридрих Мерц во последните неколку недели поради поднесување предлози до парламентот за строги нови правила за миграција кои добија поддршка од АфД.