strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Според Календарот на МПЦ, утре се празнуваат овие светители
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЗАБАВА > Според Календарот на МПЦ, утре се празнуваат овие светители
ЗАБАВА

Според Календарот на МПЦ, утре се празнуваат овие светители

Објавено October 21, 2024 16:16
strana.mk
Сподели
Сподели

Светиот апостол Јаков

Син Алфеев и еден од Дванаесетте големи апостоли. Роден брат на евангелистот Матеј. Сведок на словото на вистината и на чудата на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, сведок на Неговото страдање, Воскресение и Вознесение. По слегувањето на Светиот Дух на Педесетница, на апостолот Јаков му падна во дел да го проповеда Христовото Евангелие во Елефтеропол и околните места, потоа во Мисир, каде што и пострада за својот Спасител. Со голема сила и на збор и на дело Св. Јаков ја разнесуваше благовеста за воплотениот Бог Слово, уривајќи го идолопоклонството, од луѓето изгонувајќи ги демоните, лечејќи секаква мака и болест со името на Господ Исус Христос. Неговиот труд и неговата ревност беа крунисани со голем успех. Многумина незнабожци поверуваа во Господа Христа, се основаа и устроија цркви, беа поставени епископи и свештеници. Пострада во Мисир, во градот Острацин, распнат на крст од незнабожците. Така овој голем и прекрасен апостол се пресели во Небесното Царство, за со Царот на славата да царува бесмртно.

Тропар
Славата Божја која небесата ја вознесуваат, ја возвестуваше ти о апостоле и мачениче Христов Јакове, проповедајќи ја науката за бесмртноста и слободата, ја посведочи љубовта која како благодат се излива на родот човечки, а на тие кои ќе поверуваат им носи спасение. Моли се, свети апостоле, да го запазиме печатот на крштението неповреден.

Преподобен Андроник и неговата сопруга Анастасија

Антиохиски граѓани од времето на Теодосиј Велики. Андроник беше златар по занает. И тој и жена му беа многу благочестиви и непрестајно се трудеа да одат по патот Господов. Од својата заработка една третина им даваа на сиромашните, друга на Црквата, а со третата се издржуваа. Откако им се родија две деца, се договорија да живеат како брат и сестра. Но по неиспитливата Божја Промисла децата им умреа во еден ден двете. И родителите беа во голема тага с ? додека Светиот маченик Јулијан не ? се јави на Анастасија на гробиштата и не ја утеши со веста дека нивните деца се во Царството Божјо и дека им е подобро таму одошто со родителите на земјата. По ова обајцата оставија с ? и појдоа во Мисир, каде што примија монашки чин – Андроник кај Старец Даниил во Скитот, а Анастасија во женскиот манастир во Тавенисиот. Откако му угодија на Бога со своите долгогодишни подвизи, се преселија во Царството Небесно, најпрво Св. Анастасија, а потоа осум дена по неа и Св. Андроник.

Тропар
О возвишено молчание, кое до Христа ве возведе вас, брачните Андроник и Атанасија, во ангелски лик кој војува против страстите и непријателот на човековото спасение. За нас молете се достојнославни подвижници, благодатта со која Христос ве обви да ги поведе нашите стапки по патот на спасението.

Светите праведни Авраам и Лот

Нивните жтитја се впишани во Првата книга Мојсеева од Стариот Завет.

Тропар
Благословен од Господа, Кој те умножи и преумножи, и завет со тебе довека направи, Аврааме слуго на Севишниот, чие гостопримство кон Троичниот пат наш стана кон Бога и ближниот, и чија вера без плод не остана: Отецот, Синот Свој Единороден не Го поштеди, и Духот Кој во животот земен те водеше, Црквата Негова ја устрои. Спомни н? сега пред престолот на Вечноста, нас кои припаѓаме пред Пресвета Троица.***Верата твоја во Господа ти го отвори патот кон Животот и ти не се сврте назад, туку стигна во Божјите дворови не прашувајќи го телото, туку волјата на Оној Кој Е и сe исполнува. Затоа, праведен Лоте, моли се секирата да се отстрани од синовите на непокорноста.

Свети Димитриј, патријарх Александриски

Единаесетти александриски патријарх после Светиот евангелист Марко. Долго и мудро управуваше со своето стадо, и тоа од 189 г. до 231 г. Во негово време на барање на Индијците за проповед на Евангелието во Индија беше пратен Св. Пантен, раководителот на прочуената катихетска школа во Александрија. Пантен во Индија го пронајде Евангелието напишано од Свети Матеј на еврејски јазик.

Свети Стефан, деспот српски

Син на деспотите Ѓурѓе и Јерина. Со својата сестра Мара извесно време живееше на дворецот на султанот Мурат II. Во Едрене го ослепија заедно со неговиот брат Гргур. Деспотската власт над Србија ја прими во 1458 година. Наскоро мораше да се засолни од својата земја во Албанија, каде што се ожени со Ангелина, ќерка на Скендербег. Слеп и несреќен, но постојано предаден на Бога, се упокои во 1468 година во Италија. Неговите мошти почиваат во Крушедол, ктиторство на неговиот син Св. Максим.

Тропар
Православното твое живеење мир на душата твоја донесе, и благодатта Господова очи ти отвори, дарови благодатни Бога да Го спознаеш во Неговата милост. Затоа Стефане Христов угодниче, моли се за нас кои чесниот спомен твој го чествуваме и Господа преку тебе Го прославуваме.

TAGGED:мпцсветители
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија За победа на Трамп можете да се обложите и во биткоинти
Следна статија Фрлената бомба врз штабот на ПЦЕР во Тетово била активирана, но не експлодирала, соопшти полицијата

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во мај пријавени се три случаи потврдени на ХИВ и два случаи на СИДА

Во текот на мај, во државава пријавени сe вкупно 902 заболени лица…

June 17, 2025
Во болницата во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од дискотеката „Пулс“, земени се мерки за изработка на компресивни маски за врат и лице

Во Општата болница во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од катастрофланиот…

June 17, 2025

Димитриевски: За одредени градови ќе имаме предизборна соработка со ВМРО-ДПМНЕ

Дефинитивно за одредени градови ќе имаме…

June 18, 2025

Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Директорот на Фондот за здравствено осигурување…

June 18, 2025

Вучиќ најави голема воена парада во Белград во септември

Српскиот претседател Александар Вучиќ за време…

June 18, 2025

Србинка пронајдена мртва на плажа во Грција

Државјанка на Србија (73) е пронајдена…

June 18, 2025

РАЗНО

ЗАБАВА

Познати режисер тврди: Иднината би можела да биде пострашна од сценариото на Терминатор

Во времето кога Џејмс Камерон го снимаше Терминаторот, кој беше во средината на 1980-тите, идејата дека машините и технологијата можат…

October 28, 2024
ЗАБАВА

(ФОТО) Бастијан ја остави Ана за новинарка

Бастијан Швајнштајнгер не се одвојува од новинарката Естер Седлачек (40), па се пекулацира дека таа е причината за разводот од Ана Ивановиќ (37). Таа…

April 17, 2025
ЗАБАВА

Норвежанец поднесе жалба против ChatGPT откако му кажал дека ги убил двајцата негови синови

Норвежанецот Арве Хјалмар Холмен поднесе жалба против американската компанија OpenAI, која е креатор на алатката за вештачка интелигенција ChatGPT, откако…

March 22, 2025
ЗАБАВА

Иво Андриќ бил избркан од масонската ложа оти ја завел сопругата на својот кум

Нова играна серија „Нобеловац“ почна да се емитува на 5 октомври на РТС во која ќе се прикажат клучните моменти…

October 7, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?