strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Спречено криумчарење на делови за мобилни телефони и играчки со потпис на познати трговски марки
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ХРОНИКА > Спречено криумчарење на делови за мобилни телефони и играчки со потпис на познати трговски марки
ХРОНИКА

Спречено криумчарење на делови за мобилни телефони и играчки со потпис на познати трговски марки

Објавено December 3, 2024 10:01
strana.mk
Сподели
Сподели

Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење, при што е запленета разна стока, меѓу коишто делови за мобилни телефони, поголема количина масло од црно семе, фиберскопи за индустриски цели, облека, но и производи од заштитени трговски марки. Во продолжение детали:

– 16.5 литри масло од црно семе (36 парчиња масло од црно семе од по 125 мл и 96 парчиња од по 125 мл масло црно семе Натурал) и 1.250 капсули со масло од црно семе (25 парчиња од по 50 капсули), се пронајдени околу совозачкото седиште на еден автомобил управуван од македонски државјанин на влез во државата на граничниот премин Блаце.

– Спречен обид за криумчарење на 682 маски за мобилни телефони, како и 61 кабел, 10 слушалки, држачи, полначи и стаклени фолии за мобилен телефон. Непријавените производи се откриени од царински службеници на граничен премин Блаце при контрола на автомобил управуван од македонски државјанин на влез во државата. 

– Македонски патник враќајќи се од Дортмунд се обидел преку граничен премин Табановце во автобусот со кој патувал да криумчари разна стока, меѓу коишто и 21 фиберскоп за индустриски цели. Во намерата е спречен од царинските службеници на граничниот премин кои при контрола на автобусот, во торбата во сопственост на патникот, ги пронајдоа непријавените производи. Покрај фиберскопите се пронајдени и обувки, како и радио апарати за автомобил.

– Мобилни тимови во три одделни случаи запленија речиси 3.000 играчки, школски прибори и 50 блутут слушалки со ознаки на заштитени трговски марки. Делата се откриени при контрола на стока пријавена за увозно царинење во царинска испостава Скопје 3 и царинска испостава Куманово. Во моментов за запленетите производи се поведени постапки за утврдување на оригиналност.

– Миксета Allen & Heath со вкупна вредност од 153 илјади денари е откриена при контрола на автомобил управуван од македонски државјанин на влез во државата на граничниот премин Табановце.

– Мобилен тим спречи обид за шверц на разна стока, меѓу којашто облека, обувки, тротинети и електричен алат. Непријавената стока е откриена при контрола на камион со бугарски регистарски таблички управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце. Возачот стоката ја скрил под горниот и под долниот кревет во кабината на камионот. Производите се запленети, а против сторителот е поведена соодветна постапка.

– 840 метални чаури за хидраулични црева коишто биле скриени на различни места во еден автомобил со кој патувал брачен пар од Србија, се откриени од царинските службеници на граничен премин Богородица.

– 8 штеки цигари без акцизни маркички се откриени  при контрола на автомобил управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Дојран. Непријавените цигари што се пронајдени под јакните  на задното седиште се запленети, а против патникот е поведена соодветна постапка.

– Царински службеници на влез на граничен премин Богородица спречија обид за шверц на 55 парчиња облека. Непријавените производи се пронајдени во патни торби сместени во багажникот и во внатрешноста на возилото.                           

– 80 пакувања ленти за дихтување, се откриени од страна на мобилен тим при контрола на автобус со македонски регистарски таблички кој сообраќал на релација Швајцарија – Македонија, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце. Непријавените производи, сопственост на возачот, биле пронајдени во 4 куфери, сместени во просторот за багаж на автобусот.

TAGGED:царина
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Скопјанец осомничен за пожарoт во Адвокатската комора: Со секира ја скршил влезната врата и потпалил керозин и плински боци
Следна статија Градат 2.000 станови: Целта е цената за квадрат да се намали на 3.000 евра

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Затвореници во Гватемала држат 46 лица како заложници

Затвореници во Гватемала ја презедоа контролата…

January 18, 2026

(ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева победи во The Voice of Europe

Младата и талентирана струмичанка, Тина Русева…

January 18, 2026

(ВИДЕО) Заев и Филипче правеле притисок да му ја преземат клиниката, тврди Жан Митрев

Доктор Жан Митрев во емисијата на…

January 17, 2026

(ВИДЕО) Клиниката за психијатрија вдоми лабрадор кој им помага на пациентите во терапискиот процес

Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје…

January 15, 2026

РАЗНО

ХРОНИКА

Тетката на Вања: Александар ми рече да барам помош од Илон Маск

Со изведување на докази од страна на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за двојното убиство на…

November 13, 2024
НАСЛОВНИХРОНИКА

По 22 години бегство уапсен „Командант Бреза“, испратен на одлежување 11 години затвор

По распишана потерница од 2003 година, македонските безбедносни служби го уапсија Хамди Бајрамовски, познат како „Командант Бреза“. Бајрамовски беше баран…

June 3, 2025
ХРОНИКА

Малолетник заврши во болница поради петарди

На 04.01.2025 година во СВР Куманов лекар од Општа болница Куманово пријавил дека кај нив со повреди бил донесен малолетник.…

January 5, 2025
ХРОНИКА

Лишени од слобода лицата кои правеа огномет синоќа во Скопје

На 19.03.2025 околу 21.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во градскиот парк во Скопје има огномет и не…

March 20, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?