strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Средба на Мицкоски и Орбан, продолжува владиниот самит
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Средба на Мицкоски и Орбан, продолжува владиниот самит
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Средба на Мицкоски и Орбан, продолжува владиниот самит

Објавено March 4, 2025 08:21
strana.mk
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Будимпешта  во рамки на унгарско-македонскиот владин самит ќе оствари средба со неговиот домаќин унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Согласно агендата, предвидена е тет-а-тет средба меѓу Мицкоски и унгарскиот премиер Орбан. Ќе се одржат и билатерални средби меѓу ресорните министри, по што ќе следи и заедничка седница на двете влади.

По завршување на меѓувладината седница заедничка прес-конференција ќе одржат двајцата премиери.

Владиниот самит започна вчера со средбата на министрите за надворешна политика и трговија Тимчо Муцунски и Петер Сијарто. Сијарто уште еднаш ја потенцира поддршката што Унгарија и ја дава на нашата земја за зачленување во ЕУ, и обвини дека „голем број држави лицемерно се однесуваат“.

-Постојано слушаме дека одлуката за членство во ЕУ треба да биде заснована на заслуги и Унгарија се согласува со тоа, но овој принцип треба да се применува кон сите. Не може да се смета за заслуга ако има несогласувања меѓу држава земја членка на ЕУ и земја кандидат. Како што видовте ние секогаш сме се залагале за полноправно членство на Република  Македонија во ЕУ, рече Сијарто.

Во однос на евроинтеграциите Муцунски оцени дека земјата се наоѓа на клучен крстопат бидејќи и покрај донесените бројни тешки и невообичаени одлуки, со надеж дека ќе го оствариме сонот за приклучување кон европското семејство, ние се уште сме во чекалната на ЕУ.

-По сите тешки отстапки од наша страна и долгогодишните ветувања од европските партнери, сè уште се наоѓаме во чекалната, а пред нас е неизвесен пат, условен со уставни измени и низа други билатерални барања наметнати од нашиот сосед, Бугарија. Без оглед на сериозните предизвици со кои се соочуваме, сакаме да веруваме дека со максимално искористување на нашите политички и дипломатски капацитети, реално е остварлива целта што Европа ја поставува – до 2030 година да станеме рамноправен член на заедничкото, демократско и просперитетно европско семејство, рече Муцунски.

Двајцата министри се осврнаа и на конфликтот во Украина и обидите за негово решавање од новата аминистрација на САД. Сијарто нагласи дека двете земји се за мир во Украина што го покажале со поддршката на Резолуцијата на САД во ОН.

– Ние и Република Македонија сме на страната на мирот. Го поддржуваме претседателот Трамп и исто така успехот на американско-руските разговори бидејќи јасно гледаме дека мирот може да се постигне само преку американско-руски договор. Македонците и Унгарците сме заинтересирани за враќањето на мирот и тоа го покажува нашата соработка од минатата недела во ОН кога ја поддржавме Резолуцијата на САД. На крајот беше усвоен предлогот на САД, рече Сијарто на заедничката прес-конференција во Будимпешта.

Потенцира дека враќањето на мирот не е во интерес само на Македонија и на Унгарија, туку на сите бидејќи, како што рече, зајакнувањето на економијата на државите и на ЕУ зависи од мирот и од проширувањето на ЕУ во правец кон Западен Балкан.

Муцунски, пак, подвлече дека секој што мисли дека може да се најде решение за војна и конфликт со геостратешки импликации без учество на Соединетите Американски Држави има несериозен и неискрен пристап кон конфликтот при тоа нагласи дека надворешната политика на земјава се базира на три константи.

-Нашата надворешна политика како држава има три константи – нашето полноправно членство во НАТО и да останеме кредибилен партнер во НАТО, нашата 100 процентна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија и нашето стратешко партнерство со САД. Пред сѐ и над сѐ, во тој контекст е македонскиот национален интерес, и затоа повторувам дека сето ова што го правиме, сите одлуки што ги носиме се вклопени во таа рамка и се усогласени со нашите национални интереси, нагласи Муцунски.

Тој потенцира и дека годинава двете земји одбележуваат три децении од воспоставувањето на дипломатските односи со извонредни достигнувања – Унгарија е еден од нашите 10 најголеми трговски партнери и  најголеми странски инвеститори во нашата држава.

-Силно сум убеден дека и во годините што следат ќе го задржиме континуитетот на одличната партнерска и пријателска соработка, на секое ниво и во сите области од заеднички интерес, вели Муцунски.

Двајцата министри вчера потпишаа акциски план за размена на експертиза на меѓусебно договорени теми за интеграција во ЕУ.

Ова е втора заедничка седница на владите на двете земји. Премиерите Мицкоски и Орбан ги предводеа владините делегации на заедничката меѓувладина седница што се одржа во септември лани во Охрид, на која беше потврдено стратешкото сојузништво меѓу двете земји и реафирмирана силната унгарска поддршка за нашата евроинтеграција

TAGGED:Мицкоскиорбан
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Кечери- малку спорт многу глума
Следна статија Трамп ја паузира воената помош за Украина, објави Ројтерс

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Овие намирници се природен извор на колаген, кој влијае на здравјето и сјајот на вашата кожа

Кога станува збор за одржување на младешка, мазна и цврста кожа, два…

August 3, 2025
Ова е храна богата со магнезиум

Повеќето луѓе не сфаќаат колку е важен магнезиумот за здравјето. Магнезиумот е…

August 2, 2025

Падна авион кај Мајорка: Се трага по екс воен пилот на САД и неговиот син

Поранешен воен пилот и неговиот син…

August 3, 2025

Обвинителство: Раста „дувал“ марихуана на стадионот во Охри

Обвинителството излезе со изјава за апсењето…

August 3, 2025

Избегнувајте ги овие намирници во текот на летото – Гастроентеролог откри дека се ризични за вашето здравје

За да избегнете здравствени ризици за…

August 3, 2025

(ВИДЕО) Вулканска ерупција на Камчатка за прв пат по повеќе од 500 години

Вулкан на далечниот исток на Русија…

August 3, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Средба Мицкоски – Касаноф: Македонија има пријатели!

Остварив средба со Александар Касаноф кој е заменик помошник секретар за Западен Балкан, како и за печат и јавна дипломатија…

February 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Мартин Гоџовски од Варош го фати крстот во Охрид 

Мартин Гоџо од Варош беше најсреќен и успеа да го фати крстот во Охридското езеро. За прв пат оваа година…

January 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Преку Европол ќе се обезбедуваат податоци за банкарски сметки и имот во странство на корумпирани бизнисмени и функционери

Јавното обвинителство на Република Македонија, преку јавниот обвинител за врски на Република Македонија со Европравда одржа претходно договорен онлајн состанок…

February 12, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Муцунски: Проширувањето на ЕУ не е само економска и трговска неопходност, туку предуслов за политичка и безбедносна стабилност на целиот континент

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денеска учествува на Делфи Економскиот Форум што се одржува…

April 11, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?