Познатиот рапер Стефан Ѓуриќ Раста беше уапсен синоќа, 2 август, во Охрид. Тој требаше да настапи пред познатата светска ѕвезда Џејсон Деруло.
Српските медиуми пишуваат дека Раста е уапсен за поседување наркотици. Раперот бил врзан со лисици од страна на полицајците пред хотелот, пред да отиде на настап.
Патем, ова не е прв пат Стефан Ѓуриќ Раста да биде уапсен за поседување наркотици.
На 03.08.2025 година во 00:10 часот, на спортски стадион во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода го лишија С.Ѓ.(36) од Белград, Република Србија.
-Кај него, при извршен преглед, полициските службеници, пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.