Српски турист е казнет на ГП Евзони при влез во Грција со 1.200 евра, затоа што бугарските граничари заборавиле да стават печат на бугарската граница.
Лош и кошмарен крај на одморот за неколку туристи од Србија. Туристите доживеале шок кога на излез од Грција, на ГП Евзони, при контрола на пасошите, едно од лицата добило казна од 1.200 евра, само затоа што немало печат во пасошот за влез во ЕУ кој го направиле на бугарска граница.
„Ви ја испраќам оваа информација во врска со непријатна случка која ни се случи при излез од Грција на Евзони. Имено, на 21.07.2025 година, преку Бугарија отидовме во Грција. Излеговме од Србија на граничниот премин Градина, а влеговме на граничниот премина Калотина. На 2 од 6 пасоша не е удрен печат од страна на Бугарите дека сме влегле во Бугарија (ЕУ). Денес, кога ќе враќавме за Србија, на Евзони не издвои гранична полиција и ни кажа дека два пасоши немаат печат, ниту дека во систем има податок дека тие лица влегле во Бугарија (ЕУ).Се обидовме да им објасниме дека сите заедно патуваме, затоа што едниот пасош е на малолетно дете и дека вината е на бугарскиот граничар, , меѓутоа не наидовме на разбирање, За едното полнолетно лице, сметаат дека илегално влегло во Грција и напишаа казна од 1.200 евра. Ако не ја плати ќе добие забрана за влез во рок од 4 години, се вели во сведоштвото во групата Грција Инфо.