Фудбалерите на Кристал Палас се пласираа во четвртфиналето на ФА Купот со победа од 3-1 против Милвол, но овој натпревар го одбележа нешто друго.
Имено, уште во осмата минута голманот Лук Робертс беше неверојатно невнимателен и со отворен ѓон го удри Жан Филип Матета во главата во борба за топка. Судијата Мајкл Оливер не го забележа тоа, па со помош на ВАР собата му даде црвен картон на голманот, а Матета заврши во болница со повреда на главата.