Колона од повеќе стотици таксисти од Белград дојде во Крагуевац за да ги врати студентите кои дојдоа во тој град пешки поради протестот „Сретни се на Сретение“.
Повикот на белградските таксисти за колегите да се приклучат на акцијата за бесплатен превоз на студентите до градовите во кои живеат беше прифатен и од бројни таксисти од Ниш, Нови Пазар, Крушевац, Краљево, Ваљево, Панчево и домаќинскиот град Крагуевац.
Со оддавање на петнаесетминутна почит за настрадалите во падот на надстрешницата на Железничката станица во Нови Сад, на полноќ заврши студентскиот протест „Сретни се на Сретение“ во Крагуевац.
Блокадата на Лепеничкиот булевар траеше симболични 15 часа. Студентите добија поддршка од голем број собрани граѓани кои пред крајот на собирот ги исчистија улиците на Крагуевац.
Следниот протест е најавен за 1. март. Тогаш студентите би требало да се соберат во Ниш. Во текот на блокадата во Крагуевац беше прочитано и студентско писмо во кое, меѓу другото, се бара институциите побрзо и транспарентно да ја работат својата работа.