Збор, два за димиТРУЛа “на викенд во Грција” апасиев:
– “напатениот претставник” на работничката класа, малиот Енвер од Али Експрес, денес му дал задачка на павкачот од југ да кажува дека тие имале закажано средби со граѓани за денес, а кутриот јужен павкач ги одложил за утре, заради “тајната” денешна седница;
арно ама, димиТРУЛа влегол денес во сала и си ја вметнал картичката, за да не се води како отсутен и да не му се крати од платата, која “чесно” ја заработува;
– додека павкачиве мирно му стојат, димиТРУЛа си ја става картичката и најверојатно оди со димејца “советодавно” да заработи уште некој додаток на нејзината плата, оти скапичко е кај јужниот сосед;
– лидер на партија и универзитетски професор по право, ама не и координатор, зашто нема “перче” за одговорна позиција;
– на овие павкачиве ќе им фрли по некое тровче/тревче, а тој ќе седне позади тастатура, ќе објавува постови и ќе се “руши” од работа;
– патем, тој постот за свињарската фарма го смени/избриша димиТРУЛа, зашто е многу “храбар”;
– димиТРУЛа глуми народен “паталец”, а е само несреќна комбинација на “небањат” комуњар;
– лани нѐ “нареди” цела пратеничка група, ама ние не се плашиме од “мало перче”, само ја штитиме нацијата од размножување на ваква семка;
– дојди димиТРУЛо во Собрание (ама, без обезбедување и бегање), па ќе ти покажеме како се “реди”;
– не се прави “силна” опозиција, зашто немаш бројка за да ти помине било што. Интерпелацијата ти помина, само зашто ВМРО-ДПМНЕ гласаше. ти ни збор не кажа против твојата коалиција, а претпоставувам дека картичката и тогаш ти беше на “сигурно” ставена;
– За СДСМ и за ДУИ немаш ни “перче” да пишеш нешто. Секако, оној кој те рани – не се плука и не се “реди” за сѐ по список;
– ниту ти се плаши некој, ниту сака со тебе да си има работа, ама некако си земаш многу за “сила”, па затоа добро е и тебе да те “нареди” некој;
– кај и да е, и павкачиве ќе попуштат со нервите, ама глеј си ти тоа додатоците со димејца и подавај им по нешто, бар да не се освестат скоро, за да можеш да “поживееш” и ти.
П. С. Се извинувам на македонската јавност за овој речник, но некогаш сте принудени да возвраќате во слична мера, за да не му удри славата во “перчето” на “академиков”, па да не знае да се справи, “кутриот”.
П. П. С. Удрете сега по тоа социјалните мрежи и плукајте до дехидрирање. “Срциња” напавкани тие, леле бреее…, пишува Стојаноска во својата објава.