strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ поднесе 22 нови закони, меѓу нив и Законот за одржување на јавен ред и мир
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ПОЛИТИКА > Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ поднесе 22 нови закони, меѓу нив и Законот за одржување на јавен ред и мир
ПОЛИТИКА

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ поднесе 22 нови закони, меѓу нив и Законот за одржување на јавен ред и мир

Објавено March 28, 2025 21:25
strana.mk
Сподели
Сподели

Вечерва, во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5, гостуваше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој нагласи дека пратениците се согласиле да нема седници и комисии за време на седумдневната жалост, но и дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ продолжи со работа. Тој додаде дека во изминатите пет денови поднесени се 22 закони, меѓу кои е и Законот за одржување на јавен ред и мир, кој има за цел да спречи слични трагедии во иднина, вклучувајќи и зголемување на казните доколу малолетници бидат затекнати во угостителски објекти.

Стојаноски најпрво изрази искрено сочувство кон сите оние кои се наоѓаат во здравствените установи, како во земјата, така и надвор од неа. Тој истакна дека во контекстот на создадената медиумска атмосфера околу „одморот“ на пратениците, првично постоела согласност меѓу сите, без разлика на тоа што подоцна некои поединци, кои ги карактеризираше како политички глодари, се обиделе да манипулираат со јавноста и да создадат впечаток дека не биле во согласност. Исто така, Стојаноски најави дека следната недела ќе биде објавен официјален записник од координативната средба, што ќе им овозможи на граѓаните самите да се уверуваат дали навистина некој се обидел да манипулира со политичката агенда.

,,Сите се согласија, без разлика што отпосле некои политички глодари се обидоа да креираат политика дека не се согласиле. Наредната недела, ќе излезе официјален записник од таа координативна средба па народот ќе види дали некој сакал од тоа да креира политика или не“, изјави Стојаноски.

Стојаноски смета дека одлуката беше донесена консензуално, бидејќи во тој момент сите се согласиле дека темата не треба да се воведува во политичкиот контекст. Според него, на тој начин би се избегнале жестоки дебати во Собранието и во комисиите, каде што темата би можела да се политизира и да доведе до дефокусирање на јавноста од вистинскиот проблем.

,,Беше една одлука која беше донесена консезуално бидејќи сакавме и мислевме во тој момент дека не требаа оваа тема да влезе во политиката, односно да нема жестоки собраниски седници и комисии каде што оваа тема ќе се политизира и ќе се дефокусира јавноста. Главното прашање од тоа е, да се изнајде одговорност од тие кои што се навистина виновници за ова што се случи“, вели Стојаноски.

Стојаноски дополни дека во соопштението беше јасно нагласено дека за време на седумдневната жалост, пратениците ќе продолжат со своите работни обврски, но дека нема да се одржуваат седници ниту комисии. Тој понатаму појасни дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите пет дена поднела 22 закони од кои еден закон директно се однесува на превенцијата на слични трагедии во иднина, а тоа е Законот за одржување на јавен ред и мир.

,,Поднесовме во изминативе пет дена 22 закони, меѓу кои што еден од тие закони беше и поврзан директно со оваа материја, односно да се спречат вакви трагедии во иднина. Конкретно Законот за одржување на јавен ред и мир, каде што се забранува од овој момент натака да се користи пиротехника во затворен простор“, прецизираше Стојаноски.

Стојаноски исто така нагласи дека казните ќе бидат зголемени дури десет пати повеќе, доколку малолетници бидат затекнати во угостителски објекти. Тој додаде дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ исто така активно работи на седумте закони кои ги најави министерот за транспорт, Александар Николоски, како и на Законот за угостителство. Од следната недела, ќе започнат дебатите и за Законот за минимална плата, Субвенциониран студентски оброк, како и за Законот за средно образование и средно стручно образование.

,,Работевме на оние седум закони, кои што ги најави министерот за транспорт, исто така на Законот за угостителството. Од вторник натака, ќе се разговара и за Законот за минимална плата, за субвенциониран студентски оброк, за средно образование, за средно стручно образование. Така да, сите кои што пишуваат статуси на фејсбук, а кои што прво се согласуваат да не работи Собранието, добро би било и тие да кажат што сработија во изминатава недела“, додаде Стојаноски.

Стојаноски истакна дека фокусот на јавноста треба да биде насочен кон оние кои, во рамките на овој систем, се одговорни за тоа што довело до ваква трагедија. Стојаноски додаде дека не треба некои празни изјави да го нарушат јавниот дискурс, и дека моментално е најважно да се остави простор за органите што треба да ги дадат одговорите за тоа кој е виновен и кој е одговорен за оваа трагедија. Тој понатака продолжи и дека граѓаните не треба да бидат сведоци на жестоки политички препукувања. Стојаноски нагласи дека наредната недела ќе се одржат две собраниски седници, околу десетина седници на комисиите, како и редовните опозициски пратенички прашања. Тој додаде дека ничие право нема да биде ускратено, но исто така истакна дека понекогаш е потребно да се „спушти топката“.

,,Фокусот на јавноста не треба да биде во евтини политички флоскули и фрази, кои што некој упорно ги пласира бидејќи тие таму кои што седат се претставници на одредени членови на одредена политичка партија, и не сакавме некои флоскули да го динамизираат општество, затоа што сметам дека овој момент треба да оставиме простор на оние органи кои што треба да дадат одговори на тоа кој е крив за ова што се случи“, истакна Стојаноски.

TAGGED:бојан стојановски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Утре започнува елитниот теквондо турнир во Скопје
Следна статија (ВИДЕО) Обилни врнежи град го отежнаа сообраќајот на автопатот Скопје-Штип

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во мај пријавени се три случаи потврдени на ХИВ и два случаи на СИДА

Во текот на мај, во државава пријавени сe вкупно 902 заболени лица…

June 17, 2025
Во болницата во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од дискотеката „Пулс“, земени се мерки за изработка на компресивни маски за врат и лице

Во Општата болница во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од катастрофланиот…

June 17, 2025

Димитриевски: За одредени градови ќе имаме предизборна соработка со ВМРО-ДПМНЕ

Дефинитивно за одредени градови ќе имаме…

June 18, 2025

Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Директорот на Фондот за здравствено осигурување…

June 18, 2025

Вучиќ најави голема воена парада во Белград во септември

Српскиот претседател Александар Вучиќ за време…

June 18, 2025

Србинка пронајдена мртва на плажа во Грција

Државјанка на Србија (73) е пронајдена…

June 18, 2025

РАЗНО

ПОЛИТИКА

Членот на „Црвена младина“ на Левица, Кирил Митановски е организатор на протестот на студентите во понеделник

Кирил Митановски е организатор на протестот на студентите во понеделник. Тој е член на „Црвена младина“ на Левица и поранешен…

March 22, 2025
ПОЛИТИКА

Николоски од Собрание: Во однос на аргументи, фудбалски кажано Бугарија ja добивме со 3-0

Смешно е кога се прават теории на заговор за некакви оски во услови кога затекнавме катастрофална состојба во Железницата. Слушавме…

November 28, 2024
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Ова се кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа седница, на која се дискутираше за предлози за кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ за…

May 28, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Почнуваме процес на идентификување нови партнери за соработка за локалните избори

Централниот одбор на СДСМ вечерва на седница треба да го овласти претседателот на партијата Венко Филипче да бара партнери за…

April 29, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?