Вишиот суд во Заечар, го потврди обвинението на Вишото јавно обвинителство поднесено против Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ за убиството на Данка Илиќ од Бор.
– На Вишото јавно обвинителство Заечар денеска му е доставено решение од Вишиот суд со кое е потврдено обвинението поднесено од Вишото јавно обвинителство Заечар против обвинетиот Дејан Драгијевиќ, од село Злот и Срѓан Јанковиќ од село Лука, обвинети за сторено кривично дело Тешко убиство во соизвршение. Обвинет е и Радослав Драгијевиќ од село Злот, за сторено кривично дело непријавување кривично дело и сторителот и кривично дело помагање на сторителот по сторено кривично дело – велат од надлежното обвинителство во Заечар.
Обвинетите можат да се жалат на предметната одлука до Апелациониот суд во Ниш во рок од три дена од добивањето на примерок од одлуката преку Вишиот суд во Заечар.
Апелациониот суд во Ниш го врати обвинителниот акт на повторно разгледување во Вишиот суд во Заечар, сметајќи го за нецелосен и по речиси два месеци судот донесе одлука за повторно потврдување на обвинението.
Инаку, прашањето кое сè уште ја мачи јавноста и го растргнува семејството на двегодишното девојче, кое тој ден ја крена Србија на нозе, е каде е телото на Данка откако беше објавено дека девојчето е убиено. Потрагата по неа, за потсетување, траеше со денови, додека на 4 април излезе најлошата вест – малата Данка е убиена, а осомничени за монструозниот чин се двајца работници од борскиот „Водовод“, Срѓан Јанковиќ (51) и Дејан Драгијевиќ (51).
Нејзиното тело до ден денес не е пронајдено, нема материјални докази за убиството, а сега обвинетите ги повлекле првичните признанија.