Судијата и поранешен претседател на Основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев, е разрешен од функцијата член на Судскиот совет.
Највисокото судско тело оваа одлука ја донело попладнево, откако претходно едногласно одлучи јавноста да биде исклучена од расправата и одлучувањето за утврдување одговорност на Нанев и таа да се води зад затворени врати.