Со едно минутен молк на Факултетот за музичка уметнст започна комеморацијата во чест на професорката Сара Пројковска, која животот на 48 годишна возраст трагично го загуби во пожарот во дискотеката во Кочани, настапувајки со својод бенд ДНК.
Сара беше професорка по пијано, но и истакнат македонски музичар, пратечки вокал на бендот ДНК, како и на дел од најголемите македонски музички ѕвезди, вокалист во бројни музички проекти домашни и странски и текстописец на забавни мелодии, за што има освоено и бројни награди..Нејзините пријатели, колеги, студенти, соработници велат Сара засекогаш ќе ја паметат како незаменлива пријателка, секогаш ведра и насмеана, а особено по нејзиниот огромен талент, љубовта за музиката која кај неа се јавила од мали нозе и нејзиниот ангелски глас.
Во нејзина чест настапија студентскиот оркестар и пијанистот Дино Имери, а беше прочитана и поема напишана од македонската поетеса Ана Бунтевска.
На Факултетот за музичка уметност во чест на Сара Пројковска е отворена и книга на жалост каде нејзините колеги и студенти пишуваат пораки за последно збогум.