Оптимист сум дека ќе се најде решение меѓу Софија и Скопје за да можеме да го надминеме овој кризен период и да започнеме преговори со Европската Унија. Во секој случај, Уставот мора да се промени вели во интервју за бугарската агенција БГНЕС, министерот за здравство и лидер на Алијанса за Албанците Арбен Таравари.
„Премиерот Мицкоски сака некаков вид гаранција за да нема нови услови, бидејќи патот на Македонија кон членството во НАТО беше тежок. Оптимист сум дека ќе се најде решение меѓу Софија и Скопје за да можеме да го надминеме овој кризен период и да започнеме преговори со ЕУ“, вели Таравари.