strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Таравари: Невозможно е за осум месеци од македонското здравство да направите норвешко или шведско
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЗДРАВЈЕ > Таравари: Невозможно е за осум месеци од македонското здравство да направите норвешко или шведско
ЗДРАВЈЕ

Таравари: Невозможно е за осум месеци од македонското здравство да направите норвешко или шведско

Објавено February 16, 2025 12:35
strana.mk
Сподели
Сподели

Наследивме девастирано и комплетно дегенерирано здравство и нормално е дека е невозможно со магично стапче за 7 до 8 месеци од македонско здравство да направите норвешко или шведско здравство, изјави министерот Арбен Таравари во Неделното интервју за Радио Слободна Европа.

Во изминатите месеци, како што вели, прават сѐ според можностите да се подобрат состојбите, спомнувајќи дека е потпишан колективниот договор со медицинскиот кадар и медицинскиот персонал.

-Покачени се платите на докторите за 5 отсто минатата година, од 1 ноември, и во март треба уште 5 отсто повторно, додека за медицинските сестри е покачена до 17 отсто платата. Ова е една од работите што е направена, рече Таравари.

За најавеното вработување на 600 приватни специјализанти, вели дека болниците може набргу сами да објават конкурси и да ги вработат. Соопшти дека 300 ќе бидат вработени до крајот на март, 300 други до крајот на декември 2025.

-Имено 1200, односно 1180 средномедицински кадар, генерално, коишто беа договорци по пет, 10 и повеќе години, исто така, до крајот на март, треба на сите овие да им се даде решение во здравствените установи. Меѓутоа, чекаме заедно со специјализантите и овие да бидат третирани, посочи министерот во интервјуто.

Наскоро тој очекува ГОБ „8 Септември“ да стане регионална болница и дека интензивно се работи на подготвување на целата документација. Како што рече, не само „8 Септември“, регионални болници ќе станат и клиничките болници во Тетово, Штип и во Битола.

-Идејата е и „8 Септември“ да се дисперзира и идејата е цела Онкологија да функционира слично на Трансфузиологија. Значи, институтот, односно Клиниката за онкологија и радиотерапија да биде одговорна за сите центри, и во „8 Септември“, и во Битола, и во Штип, и во Тетово. Така би функционирало најдобро, под ист чадор да се сите, како што функционира и Трансфузиологија одамна во Македонија. Ваквата организираност на Клиниката за онкологија со филијали во овие градови би било најфункционално. Ќе видиме, времето ќе покаже дали ќе функционират или нема да функционираат, изјави Таравари.

Во интервјуто за РСЕ министерот за здравство одговара и на прашања за наталожените долгови на болниците и за нивната рационализација. Во врска со долговите смета дека треба да се најде решение, а едно од можните решенија, вели, „можеби и кога ќе ја направиме Стратегијата да размислиме да почнеме од почеток“.

Во однос на потребата од рационализирање на болниците, Таравари одговори дека „имаме луксузно здравство во моментот“ затоа што во два блиски града работат болници што даваат исти услуги за пациентите.

– Невозможно е во Струга и во Охрид, кои што се седум километри еден од друг, овие два града да имаме седум болници. Невозможно е Тетово и Гостивар, коишто се 25 километри, односно 20 минути патување со кола или 30 минути, да имаат две огромни болници во кои ќе се третираат и педијатрија, и ортопедија, и хирургија, и гинекологија. И вакви повеќе болници низ државата, во градови, коишто се на 20-30 км, а имаат две огромни болници. Ние мора долгорочно да размислуваме, додава Таравари во интервјуто за Радио Слободна Европа.

TAGGED:здравствоТаравари
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Одложена е исплатата од Планот за раст на ЕУ за земјите од Западен Балкан
Следна статија Најмалку 18 загинати во стампедо на железничка станица во Њу Делхи (ВИДЕО)

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Затвореници во Гватемала држат 46 лица како заложници

Затвореници во Гватемала ја презедоа контролата…

January 18, 2026

(ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева победи во The Voice of Europe

Младата и талентирана струмичанка, Тина Русева…

January 18, 2026

(ВИДЕО) Заев и Филипче правеле притисок да му ја преземат клиниката, тврди Жан Митрев

Доктор Жан Митрев во емисијата на…

January 17, 2026

(ВИДЕО) Клиниката за психијатрија вдоми лабрадор кој им помага на пациентите во терапискиот процес

Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје…

January 15, 2026

РАЗНО

ЗДРАВЈЕ

Лекарите тврдат дека некои витамини немаат смисла да се купуваат

Честопати се зборува за предностите на витаминските суплементи како важен чувари на здравјето. Меѓутоа истражувањата покажуваат дека витамините во облик…

October 20, 2024
ЗДРАВЈЕ

Нема лекарски пропуст за смртта на близначињата во Прилепската болница, констатирале ДСЗИ и стручната комисија на Министерството за здравство

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека нема лекарски пропуст за смртта на близначињата во Прилепската болница во јануари…

February 20, 2025
ЗДРАВЈЕ

Зошто некои забрзано стареат?

Ново истражување на австралискиот Универзитет „Едит Кауан“ посочува научно објаснување дека стареењето не секогаш е постепен процес и во одредени…

November 26, 2024
ЗДРАВЈЕ

Од Клиничкиот центар на Србија во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во дискотеката во Кочани

Последните два пациента кои се лекуваа во Универзитетскиот клинички центар во Белград од повредите во пожарот во дискотеката во Кочани…

June 6, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?