strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Таравари по средбата со Малиотакис влезе во грчки наратив
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ПОЛИТИКА > Таравари по средбата со Малиотакис влезе во грчки наратив
ПОЛИТИКА

Таравари по средбата со Малиотакис влезе во грчки наратив

Објавено July 28, 2025 11:08
strana.mk
Сподели
Сподели

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, на 23 јули 2025 година, за време на престојот во Соединетите Американски Држави, остварил средба со републиканската членка на американскиот Конгрес од редовите на Републиканската партија, Никол Малиотакис. Посетата на Таравари на САД се одвива во рамките на неговите меѓународни обврски и вклучување на меѓународни форуми за човекови права и демократски развој на Балканот, извести деновиве локалниот портал на албански јазик „Тетова сот“ (Тетово денес).
„Тетова сот“ пренесе: „Денес, на 23 јули 2025 година, со градоначалникот на Врапчиште, Исен Шабани, и нашиот пријател Илир Руси имавме вреден разговор со републиканската членка на Конгресот, Никол Малиотакис. Задоволство! – напиша Таравари на општествените мрежи, споделувајќи фотографии од средбата“, анализира НОВА МАКЕДОНИЈА.

„Пресонлајн.ал.“ објави вест дека „Илир Руси, Американецот со албанско потекло од Дебар, познат по своето влијание кај американските политичари и конгресмени, се појави во друштво на Арбен Таравари, на средбата со републиканската членка на Конгресот, Никол Малиотакис – позната поддржувачка на албанските прашања во Њујорк. На средбата со Никол Малиотакис присуствуваше и градоначалникот на општина Врапчиште, Исен Шабани. Оваа посета во САД, каде што Арбен Таравари добива поддршка од влијателни личности во американската политика, се очекува да има значително влијание за политичката партија Алијанса за Албанците на претстојните локални избори“.

Сепак, „Нова Македонија“ дознава од свои доверливи извори дека Никол Малиотакис колку што е „позната поддржувачка на албанските прашања во Њујорк“, многу повеќе е позната, ангажирана и активна како грчка лобистка во високите кругови на американската политика и за „прашањата за Македонија“! Во овој контекст, изворите на „Нова Македонија“ посочуваат и на средбата што ја имала Никол Малиотакис на 10 јули 2024 година во Вашингтон со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и на која, покрај другото, станало збор и за прашања поврзани директно со нашата држава.

По таа минатогодишна средба со грчкиот премиер Мицотакис на официјалниот интернет-портал на американскиот Конгрес беше објавено: „Денес, на 10 јули 2024 година, грчко-американската членка на Конгресот, Никол Малиотакис (Њујорк-11), ја објави следната изјава во врска со нејзината средба со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Вашингтон, за време на самитот на НАТО во 2024 година: ‘Денес им се придружив на моите грчко-американски колеги од Претставничкиот дом во добредојде на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Вашингтон и уживав во продуктивна дискусија за прашањата што влијаат на Грција и силните односи меѓу Грција и САД. Со задоволство слушнав дека односите меѓу Грција и Турција се подобруваат… Ова се должи на силното водство на премиерот Мицотакис и неговиот кабинет, како и на работата што ја направивме како членови на Конгресот… Добивме информации и разговаравме и за прашања поврзани со Македонија… Како грчка Американка, чиј татко потекнува од истиот остров Крит од каде што потекнува Мицотакис…, со нетрпение очекувам да продолжиме со нашата заедничка работа за зајакнување на нашето партнерство во овие области‘“.

На истиот портал е дадена и следната информација за политичките активности на Никол Малиотакис како грчка лобистка во Америка: „Малиотакис претходно беше членка на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом. Таа е потпретседателка на Конгресниот хеленски кокус и членка на Конгресната хеленско-израелска алијанса. Во мај 2024 година на Малиотакис ѝ беше доделена наградата ’Перикле‘ од Американското хеленско образовно прогресивно здружение за нејзината докажана историја на извонредност и успех како избрана личност во владата“.

Практично само еден ден по средбата со грчката лобистка Малиотакис во САД, крилото на Арбен Таравари во Алијансата за Албанците изреагира, покрај другото, и поради „непочитувањето на Преспанскиот договор“?!

„Поради употребата на името Македонија“ Таравари побара „јавно објаснување и извинување од Министерството за здравство“, зашто, како што наведе, „тоа не било во согласност со македонскиот устав, а министерот Алиу треба да преземе политичка одговорност за незаштитувањето на законските и уставните стандарди“.

– Министерството за здравство го обележи отворањето на Здравствениот дом во Илинден со две флагрантни прекршувања – отсуство на албанскиот јазик на официјалните табли и употреба на името Република Македонија наместо сегашното уставно име Република Македонија. Албанскиот јазик беше исклучен од таблата на јавната институција, спротивно на Законот за употреба на јазиците, со заднина „Македонија“ – без никаква уставна референца – со што беше игнориран и Преспанскиот договор. Со тоа се загрози меѓународниот кредибилитет на државата – тврдеше во своето соопштение крилото на АА на Таравари.


Консултираните соговорници за ова прашање отвораат неколку интересни дилеми: што разговарал и што можеби, или веројатно, договорил Арбен Таравари со Никол Малиотакис во Вашингтон, а што (не) ги тангира внатрешните работи на државава? Дали Таравари презел улога да биде и тој грчки лобист за „прашањата од Нивици“, и тоа внатре во државата во која дејствува и живее – во Македонија?! Индикативно е размислувањето на соговорниците дека навистина постои и функционира некаква „грчко-албанска оска“ од интерес, или „сојуз“, која ќе треба исто така да ги „турка“ „прашањата за албанската национална кауза“ заедно со грчките интереси форматирани во актот од Нивици – насочено против Македонија и македонскиот народ?! Дали реакцијата на Таравари и неговото крило во АА е прва нивна пројава на остварувањето на низата активности од постојната „грчко-албанска оска“ на интерес?!

TAGGED:алијанса за албаницитегрчки наративТаравари
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Туристка со тешки повреди откако паднала во дупка на градилиште во Охрид
Следна статија Кино сала, театар: Aеродромци за првпат ќе добијат културен центар

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 4 август онколошките пациенти ќе можат таблетарната терапија да ја подигнуваат од аптеките

Oд 4 август онколошките пациенти ќе можат да ја подигнуваат таблетарната терапија…

July 30, 2025
ИЈЗ – Превенција на заболувања кои се пренесуваат преку храна вода

Летото и високите температуро го зголемуваат ризикот од појава на цревни инфекции,…

July 28, 2025

Кривична пријава за криумчарење пиротехника – запленети и цигари и фалсификувана стока

Кривична пријава е поднесена за македонски…

July 30, 2025

Шкендија ја победи Стеауа, обезбеди најмалку групна фаза во Конференциската лига

Македонскиот шампион Шкендија заслужено избори пласман…

July 30, 2025

(ВИДЕО) По разорниот земјотрес, еруптираше вулкан на Камчатка

Информацијата ја потврди и филијалата на…

July 30, 2025

СДСМ: За младите на олимпијада немало пари ама имало за ПР агенции на власта, Борко да си поднесе оставка

Скандал, за младите на олимпијада немало…

July 30, 2025

РАЗНО

ПОЛИТИКА

Касами: Таравари нема да биде дел од Владата, но некој од АА може да остане во извршната власт

Арбен Таравари нема да биде дел од Владата, но во извршната власт ќе може да останат членовите на Алијанса за…

May 9, 2025
ПОЛИТИКА

ВЛЕН: За еден месец се урна кулата изградена две децении со криминал и корупција!

Во рок од еден месец, се сруши кулата изградена две децении со криминал и корупција, велат од Коалиција ВРЕДИ. Во…

December 29, 2024
ПОЛИТИКА

Сајкоски определен за претседател на Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски е определен за претседател на Републичкиот изборен штаб на партијата за локалните избори. Тој…

June 14, 2025
НАСЛОВНИПОЛИТИКА

Големо признание: Македонија избрана за членка на Советот за човекови права на ОН за 2025 – 2027

Со 168 гласа „за“, Република Македонија денес стана нова членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот…

October 9, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?