Кардиналот Кевин Фарел, камерленго на Светата Римска Црква, ќе претседава со обредот за констатирање на смртта на папата Франциск и положување на неговото тело во ковчегот во понеделник вечер.
Ватикан објави дека обредот ќе се одржи во капелата на ватиканската Каса Санта Марта во 20:00 часот (GMT +2).
Канцеларијата за печат на „Светата Столица“ посочи дека меѓу присутните ќе бидат деканот на Колеџот на кардинали, кардиналот Џовани Батиста Ре, и членови на семејството на починатиот папа Франциск, заедно со д-р Андреа Арканџели и д-р Луиџи Карбоне, директор и заменик-директор на Дирекцијата за здравство и хигиена.
Воедно, Канцеларијата за печат објави дека мисата за канонизација на блажениот Карло Акутис е привремено прекината поради смртта на папата Франциск.