Тетовец пријавил дека без негова согласност изгубил станови во Тетово и Охрид, откако зел пари со камата од 25.000 евра од двајца сограѓани, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.
Педесет и деветгодишникот синоќа во 19 часот пријавил дека од В.К., на возраст од 46 години, во присуство на С.С., 47-годишно лице, двајцата од Тетово, во текот на 2014 година зел парични средства со камата во износ од 25.000 евра.
Според пријавеното, после тоа, во текот на изминатите години, сѐ до пријавувањето, за подмирување на камати и долгот, вкупно им исплатил повеќе од 150.000 евра, односно без негова согласност му биле продадени два стана – еден во Тетово и еден во Охрид, а кои ги ставил како гаранција со нотарски акт за долгот, појаснуваат од Министерството за внатрешни работи.
Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот