strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Тетовски бизнисмен за 10 години затаил данок од околу 262 000 евра, Финансиската полиција му поднесе кривична
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ХРОНИКА > Тетовски бизнисмен за 10 години затаил данок од околу 262 000 евра, Финансиската полиција му поднесе кривична
ХРОНИКА

Тетовски бизнисмен за 10 години затаил данок од околу 262 000 евра, Финансиската полиција му поднесе кривична

Објавено February 25, 2025 14:16
strana.mk
Сподели
Сподели

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против Б.Ф. во својство на сопственик и управител и против четири правни лица поради основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Како што информираат од Управата, првопријавениот како сопственик и управител на Друштвото за производство, транспорт, трговија и услуги „БИБАЈ ГРОУП“ ДООЕЛ експорт-импорт Тетово, управител на Друштвото за производство, транспорт, трговија и услуги „БИБАЈ“ ДООЕЛ експорт-импорт Тетово, сопственик и управител на Друштвото за транспорт, трговија и услуги „Про Тире“ ДООЕЛ експорт-импорт Тетово и сопственик и управител на Друштвото за трговија и услуги „РАЕН“ ДООЕЛ експорт-импорт Тетово, во период од 2013 до 2023 година, извршил серија на истородни противправни дејствија со цел намалување на даночната основа за пресметка и плаќање на данокот на добивка, со што сторил кривичното дело „даночно затајување“.

– Првопријавениот Б. Ф во име и за сметка на второпријавеното правно лице Друштво за производство,транспорт, трговија и услуги БИБАЈ ГРОУП ДООЕЛ експорт-импорт Тетово, од банкарската сметка на правното лице, во текот на 2022 и 2023 година, префрлил парични средства кон себе како физичко лице на име дадени позајмици во вкупен износ од 3.698.630 денари. Овие средства не биле вратени во законски предвидените рокови за враќање и не ги евидентирал во даночните биланси како непризнаени расходи за даночни цели, односно не пријавил, не пресметал и не платил данок на добивка по даночна стапка од 10 отсто во вкупен износ од 369.863 денари, како и не извршил отпис на ненаплатени, неотужени и застарени побарувања од купувачи во земјата и побарувања по основ на дадени позајмици постари од три години. Со тоа за износот од 46.740.281 денари не пресметал, не пријавил и не платил данок на добивка по даночна стапка од 10 отсто во износ од 4.674.028 денари, како и примените позајмици од третопријавеното правно лице Друштво за производство, транспорт, трговија и услуги БИБАЈ ДООЕЛ експорт-импорт Тетово во вкупен износ од 30.865.886 денари, кои биле примени пред 2020 година. Не ги вратил и не ги отпишал, постапувајќи спротивно на член 363 од Законот за облигациони односи, според кој се застарени и треба да се отпишат и приходуваат по истекот на третата година, со што не извршил зголемување на приходот во билансот на успех и прикажал помала даночна основица во поднесената завршна сметка и даночниот биланс за данок на добивка во висина од 30.865.886 денари. На тој износ не е пресметан и платен данок на добивка по даночна стапка од 10 отсто во висина од 3.086.588 денари. Со горенаведените дејствија првопријавениот Б. Ф. во корист на второпријавеното правно лице Друштво за производство, транспорт, трговија и услуги БИБАЈ ГРОУП ДООЕЛ експорт-импорт Тетово, не пријавил, не пресметал и не платил данок на добивка по даночна стапка од 10 отсто во вкупен износ од 8.130.479 денари, соопшти Управата.

Првопријавениот, велат од Управата, во име и за сметка на третопријавеното правно лице Друштво за производство, транспорт, трговија и услуги БИБАЈ ДООЕЛ експорт-импорт Тетово, од банкарската сметка на правното лице во периодот од 2013 до 2018 година, префрлил парични средства на име дадени позајмици спрема второпријавеното правно лице Друштво за производство, транспорт, трговија и услуги БИБАЈ ГРОУП ДООЕЛ експорт-импорт Тетово во вкупен износ од 30.865.886 денари, и префрлил парични средства на име дадени позајмици кон себе како физичко лице во вкупен износ од 1.949.308 денари. Тие средства не биле вратени во законски предвидените рокови за враќање, не ги евидентирал во даночните биланси како непризнаени расходи за даночни цели, па така, на крајот на 2018 година на износот од 30.865.886 денари дадени позајмици на правното лице, не пријавил, не пресметал и не платил данок на добивка по даночна стапка од 10 отсто во износ од 3.086.588 денари и на крајот на 2023 година на износот од 1.949.308 денари дадени позајмици на себе како физичко лице не пријавил, не пресметал и не платил данок на добивка по даночна стапка од 10 отсто во вкупен износ од 194.930 денари, како и застарените обврски по основ на примени фактури од второпријавеното правно лице Друштво за производство,транспорт, трговија и услуги БИБАЈ ГРОУП ДООЕЛ експорт-импорт Тетово како купувач, кои биле настанати и евидентирани пред 2020 година во вкупен износ од 16.829.868 денари. Не ги подмирил и не ги отпишал, постапувајќи спротивно на одредбите од член 363 од Законот за облигациони односи, според кој се застарени и треба да се отпишат и приходуваат по истекот на третата година. Со тоа не извршил зголемување на приходот во билансот на успех и прикажал помала даночна основица во поднесената завршна сметка и даночниот биланс за данок на добивка во висина од 16.829.868 денари, на кој износ не е пресметан и платен данок на добивка по даночна стапка од 10 отсто во висина од 1.682.986 денари. 

Во име и за сметка на четвртопријавеното правно лице Друштво за транспорт, трговија и услуги ПРО ТИРЕ ДООЕЛ експорт-импорт Тетово во текот на 2023 година, застарените обврски по основ на примени фактури од второпријавеното правно лице Друштво за производство, транспорт, трговија и услуги БИБАЈ ГРОУП ДООЕЛ експорт-импорт Тетово, во вкупен износ од 11,522,615 денари, кои биле настанати и евидентирани пред 2020 година, не ги подмирил и не ги отпишал, постапувајќи спротивно на одредбите од член 363 од Законот за облигационите односи, според кој се застарени и треба да се отпишат и приходуваат по истекот на третата година. Со тоа не извршил зголемување на приходот во билансот на успех и прикажал помала даночна основица во поднесената завршна сметка и даночниот биланс за данок на добивка во висина од 11.522.615 денари, на кој износ не е пресметан и платен данок на добивка по даночна стапка од 10 отсто во висина од 1.152.261 денари.

Првопријавениот во име и за сметка на петтопријавеното правно лице Друштво за трговија и услуги РАЕН ДООЕЛ експорт-импорт Тетово со ЕМБС: 7246030 и ЕДБ:4028017533750 во текот на 2023 година, застарените обврски по основ на примени позајмици од второпријавеното правно лице Друштво за производство, транспорт, трговија и услуги БИБАЈ ГРОУП ДООЕЛ експорт-импорт Тетово, во вкупен износ од 18.384.805 денари, кои биле примени и евидентирани пред 2020 година, не ги вратил и не ги отпишал, постапувајќи спротивно на член 363 од Законот за облигациони односи, според кој се застарени и треба да се отпишат и приходуваат по истекот на третата година. Со тоа не извршил зголемување на приходот во билансот на успех и прикажал помала даночна основица во поднесената завршна сметка и даночниот биланс за данок на добивка во висина од 18.384.005 денари, на кој износ не е пресметан и платен данок на добивка по даночна стапка од 10 отсто во висина од 1.838.400 денари, посочуваат од Управата.

Со горенаведените противправни дејствија, Б.Ф со намера да ја намали даночната обврска за утврдување на данок на добивка со цел да одбегне плаќање на данок во периодот од 2013 до 2023 година не пријавил, не пресметал и не платил данок на добивка по даночна стапка од 10 отсто во вкупен износ од 16.085.644 денари.

TAGGED:данокЗатајувањететовец
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Владата ги отфрли документите на СДСМ за Министерството за животна средина и ги оцени како шпекулации
Следна статија Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Зеленски

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

ХРОНИКА

Тригодишно дете од Куманово се затруло од таблети

Тригодишно дете се затруло од таблети. Случајот во полицијата го пријавиле лекарите од кумановската Општа болница, соопшти денеска СВР Куманово.…

December 14, 2024
ХРОНИКА

Македонец починал на плажа во Грција

На плажата Карианис во близина на грчкиот град Кавала, вчера починал 80-годишен македонски државјанин и покрај укажаната прва помош, јави…

July 22, 2025
ХРОНИКА

Средношколец од Скопје заврши со убодна рана по групна тепачка кај хотел „Карпош“

Крвава пресметка кај хотел „Карпош“ се случила вчера во Скопје, при што еден малолетник е хоспитализиран во „8 Септември“ Како…

June 3, 2025
НАСЛОВНИХРОНИКА

Приведен е струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, близок до кланот Заеви

Преку координирана акција на Министерството за внатрешни работи – Бирото за јавна безбедност, Министерството за финансии – Управата за финансиска…

June 9, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?