Фотографии од катастрофално лошата состојба на Теферич, осамнаа на социјалните мрежи како предупредување до граѓаните кои го користат или пак планираат да го користат патот.
Огромни процепи и вдлабнатини го попречуваат сообраќајот, а возачите кои се спуштаат од горе, мора да се движат во лентата за нагоре, со што дополнително се загрозува безбедноста во сообраќајот.
Фотографии се објавени во групата Стари скопјани, каде граѓаните коментираат дека таа локација секогаш била свлечиште и дека никогаш не требало таму да се прави пат.
Извор: Фактор