Тејлор Свифт се појави на Супербоул финалето во американски фудбал, како поддршка за своето момче Тревис Келце – играч на Канзас Сити Чифс, кои загубија од Филаделфија Иглс.
Кога пејачката се појави на екранот, дел од публиката почна да исвиркува со извици „бу“. Меѓутоа, Свифт само се насмевна и продолжи да го следи настанот, се чини – скоро целосно неоптоварена од извиците од посетителите.