strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: ТикТок ќе се забрани доколку некоја појава од инцидент прерасне во пракса, вели Андоновски
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > ТикТок ќе се забрани доколку некоја појава од инцидент прерасне во пракса, вели Андоновски
МАКЕДОНИЈА

ТикТок ќе се забрани доколку некоја појава од инцидент прерасне во пракса, вели Андоновски

Објавено February 10, 2025 14:44
strana.mk
Сподели
Сподели

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски очекува учениците и нивните родители да го користат упатството што е доставено пред две недели во училиштата, кое треба да ги заштити најмладите од предизвиците на интернет. 

По повод Денот на побезбеден интернет, што кај нас се одбележа првпат денеска во ОУ „Димитар Македонски“ во Лисиче, министерот рече дека упатството било споделено со сите училиштата и доставено до МОН и Педагошката служба. Тоа има два дела, од кој вториот е наменет за родителите, и е достапно за секој што е заинтересиран на веб-страницата и фејсбук-профилите на министерството. 

Тоа јасно објаснува кои ресурси можат и треба да ги користат училиштата, во разговор со учениците, и кое однесување треба да го имаат. Вториот дел на тоа упатство се предлози на апликации кои родителите може да ги искористат за да забранат одредени страници или содржини за нивните деца на нивните мобилни телефони, мобилни уреди, смарт-уредите и на телевизорите дома. Се надевам дека ќе го користат. Ставивме и некои теми коишто сметам дека се важни да се обработуваат на одделенски или на класен час, така што мислам дека во тој дел ќе помогне,  изјави Андоновски при посетата на ОУ „Димитар Македонски“. 

На прашањето дали има повратна информација дека препорачаните апликации од упатството веќе се користат, министерот одговори дека тоа не обврска на училиштата туку, како што рече, „домашна задача за родителите“.

Од секој родител зависи како неговото дете се однесува. Тоа е процес на домашно воспитување, на здрави навики и навики на однесување. Ние апелираме на свеста кај родителите да ги искористат овие апликации кои ние им ги нудиме како ресурс. Доколку имаат потреба од дополнително објаснување, исто така стоиме на располагање – и на училиштата, и на родителите. Но, не смееме да заборавиме дека ова е првенствено задача на семејствата и на родителите, истакна Андоновски.

Прашан дали се разгледува забрана на платформата ТикТок, на која најнов опасен предизвик за децата е „парацетамол“, и откако во таа насока размислува премиерот на Албанија, Андоновски одговори дека кон забрана ќе се пристапи доколку некоја појава „од инцидент прераснува во пракса“. 

Рама размислуваше и пред еден месец, па се повлече од тоа размислување. Тоа ад хок однесување прави повеќе штета отколку напредок во функционирањето на државите. Ние имаме малку поразличен пристап, како што видовте со онлајн игрите на среќа. Кога е забележано дека тоа претставува проблем за поширок круг на граѓани, ние пристапуваме кон законски измени и кон забрана на пристапот на онлајн игрите на среќа коишто се нелегални. Истиот пристап ќе го имаме и кон овие апликации. Доколку забележиме дека тоа од инцидент станува редовна практика, како што стануваат нелегалните онлајн коцкарници, тогаш ќе пристапиме кон забрана. Но, не сакам да излегувам со различна изјава секоја недела и да го менувам ставот во зависност од тоа каков предизвик се појавил и на која социјална мрежа. Кога ќе видиме дека тоа прераснува во пракса, стои на располагање алатката за забрана, рече Андоновски. 

Во училиштата во општина Аеродром од скоро не е дозволено употреба на мобилните телефони за време на наставата, соопшти в.д. градоначалникот Дејан Митески, кој заедно со министерот Андоновски присуствуваше на првото одбележување на Денот на побезбеден интернет (Safer Internet Day) што се одржа во ОУ „Димитар Македонски“ во населба Лисиче. 

Минатата недела Советот донесе препорака до советите на училиштата и тие ги прифатија препораките, и во сите училишта во Општина Аеродром е забрането користење на мобилни телефони за време на настава, рече Митески. 

Учениците од ОУ „Димитар Макеоднски“ на музичко-ликовен настан ги промовираа придобивките на Интернетот и предупредија на неговите опасности. Целта е да се поткрене свеста на младите, особено на учениците, за важноста од безбедно користење на интернетот, модерните алатки и социјалните медиуми.

Се надевам дека со ова ќе поттикнеме нов начин на размислување кај децата, но пред се кај родителите, имајќи предвид дека нашата обврска е да ги заштитиме децата од користење небезбеден интернет. Тој е секојдневие и неизбежност, но мора да го користиме во правилна насока, додаде в.д. градоначалникот на Аеродром. 

TAGGED:АндоновскиТикток
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија „Еурактив“: Владата во Софија нема да преговара за омекнување на условите за почеток на преговорите на Скопје со ЕУ
Следна статија Поради мајмун, цела Шри Ланка остана без струја, рече министерот за енергетика

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Клиниката за детски болести доби нов дигитален мобилен рендген-апарат

Државниот секретар во Министерството за здравство,…

August 5, 2025

Вечното дерби во петок на Градски, еве колку се картите за Вардар-Пелистер

Раководството на освојувачот на фудбалскиот Куп…

August 4, 2025

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е…

August 4, 2025

Овие три хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа за време на сезоната на лавот

Во сезоната кога сонцето е во…

August 4, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Против уставни измени за внес на Бугарите во Уставот се 82% од Македонците и 11,3% од Албанците

На ниво на држава, според анкетата нарачана од емисијата „Детектор“, а спроведена од Институтот за политички истражувања, 64 отсто од граѓаните…

April 6, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран

Согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите државјани на Република…

June 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

СОЗР: Сервисирани се и оперативни сите лифтови во зградата на МТВ

Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР) ги сервисираше и стави во целосна функција сите четири лифтови во…

April 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ангелов: Во моментов најсериозен е пожарот во дојранско Николиќ, претставува опасност да ги зафати околните шуми

Во моментов најсериозен е пожарот во дојранското село Николиќ во близина на границата со Грција. Тоа е пожар кој гори…

July 13, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?