strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Томовски: Во план е изградба на втор дел жичница од Капиштец до врвот на Водно, заживување на комплексот „Македонско село“
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Томовски: Во план е изградба на втор дел жичница од Капиштец до врвот на Водно, заживување на комплексот „Македонско село“
МАКЕДОНИЈА

Томовски: Во план е изградба на втор дел жичница од Капиштец до врвот на Водно, заживување на комплексот „Македонско село“

Објавено January 21, 2025 09:43
strana.mk
Сподели
Сподели

Македонско село од 2019-та година до сега не функционира и по основ на тоа што не работи, дел по основ на ненаплатена кирија, дел по основ на обезбедување и осигурување на објектот ние како држава сме изгубиле нешто повеќе од 20 милиони денари“, истакна членот на Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ и директорот на Служба за општи и заеднички работи во Влада Ивица Томовски во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1.

Томовски продолжи и додаде:

Првиот пат кога кажав дека сакам да заживее селото можам да кажам дека има премногу заинтересирани, ако нему не му се исплатело, зошто би имало сега повеќе луѓе кои се заинтересирани да стопанисуваат со тој објект. Практично тој комплекс има околу 12 засебни куќички со капацитет од 120-150 места за сместување, три ресторани, односно два ресторани и еден винотека или кафе бар. Сметам дека може да е профитабилен комплексот и затоа е таква заинтересираноста“, вели Томовски.

Томовски истакна дека почетната сума за селото би била 240 милиони денари.

„Ние направивме проценка на тој имот и нема да го издадеме како јавно приватно партнерство како што било во минатото да ние дел одржуваме, дел одржува економскиот оператор, практично му даваме клуч на економскиот оператор со нашата замисла и тој стопанисува комплетно и целосно со тој објект. Според бирото за проценка почетната сума би била 240 милиони денари каде после тоа зависно од конкуренцијата може да се наддава таа сума“, посочи Томовски.

Томовски продолжи и додаде:

„За жичницата делот кој е од Средно Водно до врв е во надлежност на Град Скопје односно ЈСП, оној втор дел кој треба да се изгради проектот е преку министерство за транспорт и врски и тој проект треба да биде од „Св. Јован“ во Капиштец до средно Водно и така го поврзувате градот со врв и средно Водно“, укажа Томовски.

Томовски потенцираше дека имаат идеја да се направи подземен паркинг крши Нова Македонија и со тоа да се добие паркинг, зеленило и трансфер со мини бус.

„Она што ние го имаме како идеја и ќе го разговараме со премиерот и соодветните институции кои треба да помогнат во реализација на овој проект е практично кај платото спроти Нова Македонија, паркингот кај Цветен пазар да направиме некакво јавно приватно партнерство или како држава да направиме подземен паркинг и тој моментален паркинг тука да стане зеленило, така добиваме и паркинг и зеленило. Ние како држава да земеме две или едно возило мини бус кој ќе прави трансфер од Нова Македонија до почетокот на жичницата кај „Св. Јован“ и секој оној кој ќе има намера да може да се паркира тука во паркингот кој би чинел 30 денари наместо 100 денари, да се качи на жичница, да се качи горе и на средно Водно да има уште еден мини бус кој би гравитирал средно Водно, Македонско село, Пантелејмон така ќе го заживееме и манастирот и комплексот Македонско село“, посочи Томовски.

Томовски во однос на неизградените два објекти на кампусот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ истакна дека за многу брзо во јавност ќе може да кажат до каде е реализиран тој проект, што понатака и колку би чинел новиот објект.

Имав состанок со министерката Весна Јаневска начелно договоривме дека ќе формираме една заедничка работна група која ќе направи пресек на моменталната изведба односно до каде сега е стигнат проектот што и како е возможно да се направат измени на тој проект бидејќи е предвидена барокна фасада, а не би сакале да имаме барок, прво многу е поскап, второ факултет како ФИНКИ не би требало да има барокна фасада напротив модерна фасада. Од минатиот петок ги отпочнавме првичните состаноци и за многу брзо во јавноста ќе можеме да кажеме до каде е реализиран тој проект, колку би чинел новиот и што понатака со тие два објекти и можеби заедно со МОН би ги работеле до нивно целосно реализирање“, заклучи Томовски.

TAGGED:жичницаивица томовски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Трамп ја одложи забраната на „Тик Ток“ за 75 дена: „Сè уште не сум одлучил што ќе се случи“
Следна статија (Видео) Навивачи на Црвена звезда и ПСВ тепаа во центарот на Белград

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Вложуваме во здравствениот систем, набавивме магнетна резонанца и друга апаратура за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“

Премиерот Христијан Мицкоски денес беше во посета на Универзитетската клиника за хируршки…

November 20, 2025
Клиниката за детски болести доби нов дигитален мобилен рендген-апарат

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Бесим Мемеди, денеска, на Клиниката…

August 5, 2025

(ВИДЕО) Започна новата лизгачка сезона во СЦ „Борис Трајковски“

Официјално започна новата лизгачка сезона во…

November 29, 2025

(ВИДЕО) Додик ја прослави победата со песна: „Само тако, само тако…“

Лидерот на СНСД, Милорад Додик, ја…

November 24, 2025

Се огласи Дурловски по случувањата на настапот на Аца Лукас во Кавадарци

Во држава која и понатаму се…

November 23, 2025

(ВИДЕО) Елмас со јубилеј, 200 натпревари во дресот на Наполи

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас синоќа…

November 23, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Средба Муцунски – Џејмисон Грир: Постигнавме конкретен напредок во преговорите за намалување на тарифите

За време на работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на неговиот Фејсбук профил…

May 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: Голема гужва на граничните премини Богородица и Блаце

Утрово граѓаните ја напуштаат земјава за продолжениот викенд. Гужви и голема фреквенција на возила утрово беше забележана на граничните премини…

October 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Паднати бандери, кровови, дрвја по силниот ветер во Битола, Штип и Охрид

Дел од Македонија во последното деноноќие беше зафатена со невреме проследено со силен ветер, што причини штети во неколку региони…

November 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Образованието конечно станува приоритет

Во вечерниот подкаст „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, министерката за образование и наука, Весна Јаневска, се осврна на темата за зголемувањето на платите…

November 6, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?