strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Тор Педерсен – првиот човек кој посетил 203 земји без да користи авион
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЗАБАВА > Тор Педерсен – првиот човек кој посетил 203 земји без да користи авион
ЗАБАВА

Тор Педерсен – првиот човек кој посетил 203 земји без да користи авион

Објавено April 24, 2025 11:01
strana.mk
Сподели
Сподели

Четириесет и четиригодишниот Тор Педерсен, авантурист од Данска, стана првиот човек на светот кој посетил над 200 земји без да користи авион – на континуирано патување кое траело речиси една деценија.

Своето животно искуство го нарекува „авантура на животот“, но признава и дека се чувствува како последните десет години да ги поминал во кома.

Тор Педерсен отсекогаш имал страст за патувања и предизвици.

Идејата за оваа необична мисија потекнува од е-пошта што му ја испратил неговиот татко. Имало линк до статија за луѓе кои патувале во секоја земја во светот – но никој од нив не го направил тоа без летање. Тоа ја запалило искрата.

Педерсен си постави цел: да посети 203 земји, без ниту еден лет и со буџет од само 20 евра дневно

Своето патување го почнал на 10 октомври 2013 година во 10 часот, оставајќи ја родната Данска – и неговата тогашна девојка Ле (40), докторка, која останала дома.

Во тој момент верувал дека патувањето ќе трае четири години. Наместо тоа, биле потребни девет години, девет месеци и 16 дена.

„Имаше моменти кога не знаев дали некогаш ќе завршам. Се чувствував како да сум заробен во временска капсула. Се се менуваше и постојано бев во движење”, изјави Педерсен.

Неговото патување вклучувало возови, автобуси, бродови, камиони, па дури и пешачење – низ џунгли, пустини, планини и градови

Попатно се соочил со болести, бирократија, осаменост, но и неизмерна човечка добрина и солидарност.

Денес, од својот дом во Данска, тој вели дека дури сега полека ги сфаќа размерите на тоа што го направил.

„Сè уште се навикнувам на идејата дека повеќе не морам да одам никаде. Дека можам да останам. И дека, и покрај се’, преживеав“, вели со насмевка.

Тој даде одлично интервју за „Гардијан“ и опиша какво било неговото патување.

„Иако често имав чувство дека сум роден барем еден век предоцна – во време кога немаше ништо за откривање и снимање – сè уште имав жестока потреба за авантура. Во 2013 година открив дека никој сè уште не успеал да патува постојано во сите земји во светот без да користи авион. Тоа беше шанса да направам нешто што никој пред мене не го направил.

Во тоа време, тој имал околу триесет години, стабилна кариера во поморството и логистиката, штотуку запознал прекрасна жена, а повеќето негови врсници веќе имале деца. Сепак, идејата не го напуштила.

„Јас тргнав на пат на 34 – и не се вратив дома речиси една деценија“, раскажа.

А што научил за време на ова несекојдневно патување, во продолжение.

„Една студена декемвриска вечер пристигнав во Сувалки, најстудениот град во Полска. Без СИМ-картичка, само со моето име и адреса на хартија, талкав во снегот барајќи помош“, се сеќава Педерсен, додавајќи дека жена која зборува англиски му ја отворила вратата и веднаш го поканила внатре.

Како што вели, таа му понудила храна, кревет и утрото го придружувала до автобусот за Литванија.

„Бев засолнет од целосен странец – без ништо за возврат“, вели тој.

„Лесото беше 106-та земја на мојата листа, вели тој, но една од најпосебните. Целата земја се наоѓа над 1.400 метри надморска височина. На местото Семонконг се најдов среде зелени планини, чист воздух и кристално чисто небо.

Тука се и водопадите Малецуњане – речиси 200 метри високи водопади кои блескаа на сонце. И јас бев таму сосема сам“.

Како што објаснува Педерсен, за време на минувањето низ Западна Африка, трите земји – Гвинеја, Сиера Леоне и Либерија – се бореле со најголемата епидемија на ебола. Сепак, по само еден час во Сиера Леоне, ме поканија на свадба – музика, танцување, насмевки.

Во најтешките околности, луѓето наоѓаат начини да се радуваат, да сакаат и да се поврзат.

Изолацијата е најголемата грешка

„Во Данска, каде што сум роден, секој избира место што е можно подалеку од другите во јавниот превоз. Но, во Африка, седењето до некого значи создавање заедница – споделување храна, разговор, грижа за децата. Кога помислив дека возачот ќе ме остави на контролниот пункт, жената зад мене ми објасни дека тоа е тактика да ги збуни војниците.

Постои разлика помеѓу она што го сакате и она што навистина ви треба

Патувањето речиси десет години без пауза ја црпи душата.

„После две години ‘удрив во ѕид’, но морав да продолжам. Научив дека не ми требаат работи – туку врските што ги создадов со луѓето ширум светот. Сè друго беше минливо“, вели тој.

Не ви треба заеднички јазик за да се поврзете со луѓето

„Во возот од Белорусија до Москва никој не зборуваше ништо друго освен руски. Сепак, се смеевме, делевме храна и вотка. Преговарав за цените покажувајќи сметки, наоѓав сместување со гестови и често детската насмевка ме спасуваше од најтемните моменти“, вели тој.

Бавното патување ја открива вистинската големина на светот

Летот помеѓу Лондон и Њујорк трае неколку часа, но ако одите со брод и автобуси – гледате премини од пустината во шумата, од селото во градот, од реката до океанот.

Границите ретко се остри – луѓето од двете страни често јадат иста храна, зборуваат слични јазици и споделуваат култура.

Патувањето е најинтензивното образование

Кога патувате, постојано сте под притисок да научите: како да се движите, да препознавате опасност, да комуницирате без јазик, да најдете основни работи.

„Се вратив со знаења за јазиците, геополитиката, хуманитарната работа, географијата и, најмногу – за себе. Заминав на 34, се вратив на 44 – но според она што го преживеав, можеби сум всушност многу постар“, вели тој.

TAGGED:без авионземјипатувањетор педерсен
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Мицкоски: Истрагата за Кочани ја води ОЈО, не владата, во време на СДСМ невозможна мисија беше истрага против член на влада и актуелен градоначалник
Следна статија Локалните избори треба да се распишат кон крај на јули или почеток на август

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

ЗАБАВА

Црвената Месечина носи вистинска катаклизма за овие четири знаци

Полната месечина во Стрелец на 11 јуни носи бран оптимизам, љубов и финансиски превирања. Прочитајте што носи оваа лунарна фаза…

June 11, 2025
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Девојки од Грција не можеа да ја дослушат македонската песна изведена од колумбиски бенд

Девојки од Грција не можеа да ја дослушат македонската песна изведена од колумбиски бенд кои пејат на македонски јазик. Ние…

September 10, 2025
ЗАБАВА

Златко Јаќоски вториот Македонец кој го искачи врвот Лотце висок 8516 метри

20 мај за Златко Јаќовски е посебниот ден во 2024 година. Денот кога го освои врвот Лотце висок 8516 метри…

January 6, 2025
ЗАБАВА

Едина Муса и Александар Димитровски-Мачка направија свадба во познат скопски локал

Поранешните кошаркари Едина Муса и Александар Димитровски-Мачка направија свадба во еден познат скопски локал. Невестата која е во поодмината бременост…

December 1, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?