strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Тошковски: Безбедносната состојба не е нарушена пред седницата на Уставниот суд
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Безбедносната состојба не е нарушена пред седницата на Уставниот суд
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Безбедносната состојба не е нарушена пред седницата на Уставниот суд

Објавено December 6, 2024 21:34
strana.mk
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, смета дека безбедносната состојба не е нарушена во врска со најавите на ДУИ дека укинувањето на која било одредба од Законот за употреба на јазиците, кој е на дневен ред на седницата на Уставен суд закажана за в среда, ќе биде директен удар врз стабилноста и мирот на Македонија.

Во вечерашното гостување на Сител телевизија, тој истакна дека Министерството за внатрешни работи (МВР) ги има потребните капацитети и ќе одговори на сите предизвици како и претходно.

Сметаме дека безбедносната состојба не е нарушена. И во минатото говоревме дека постојат обиди за дестабилизација. Да, факт е дека на одредени злонамерници не им одговара тоа да имаме една демократска земја во која што ќе владее законот и правото и тоа токму се гледа и преку овие нивни дејствија, изјави Тошковски.

Тој додаде дека барањето на ДУИ директно се меша во работата и надлежноста на Уставниот суд.

-Сметам дека Уставниот суд треба да си донесе одлука согласно Устав и закон. Тоа е негова работа да одлучи дали одреден закон или одредена одредба е во согласност со уставните одредби. Сите политички субјекти и останати фактори во општеството ќе треба да ја почитуваат одлуката која што ќе ја донесе Уставниот суд без оглед во која насока ќе биде истата, додаде тој.

Во врска со изјавите на премиерот Христијан Мицкоски за неажурност на Обвинителството, Тошковски одговори дека се легитимни, имајќи предвид дека македонскиот народ, како што рече, „е желен за правда“.

-Легитимно е претседател на Влада да каже став за нешто што го констатирал како фактичка состојба. Легитимно е македонскиот народ да се надева, да посакува и да е желен за правда, рече министерот.

Тошковски, исто така, истакна дека соработката со обвинителството е одлична во однос на предмети кои се однесуваат на потенцијален криминал каде што нема високо профилирани случаи, но во однос на останатите не е на задоволително ниво.

-Се надевам дека во иднина тие ќе бидат тие што ќе му овозможат на македонскиот народ и граѓанин да види правда каква што заслужува, заради тоа што само така можеме да дојдеме до нормална држава која што сите ја посакуваме, додаде министерот.

Во однос на инцидентите со сквернавење на национални симболи на Денот на албанското знаме, тој посочи дека имало информации од Агенцијата за национална безбедност дека ќе има немири, а во однос на наводите на Коалицијата „Влен“ дека висок функционер на ДУИ бил вклучен во организирање на настаните, министерот рече дека има оперативни информации дека поранешен градоначалник од редовите на ДУИ директно бил вклучен во организирање на настаните на Денот на албанското знаме.

За најавената интерпелација од страна на ДУИ, односно на прашањето кога очекува таа да се најде на дневен ред, министерот за внатрешни работи посочи дека тоа е работа на Собранието.

-Тоа е работа на собранието, ова е демократски механизам кој имаат право да го активираат. За жал, за нив, нивните аргументи се неиздржани, контрадикторни сами на себе, рече тој.

Во врска со барањето за лидерска средба на СДСМ, тој одговори дека ставовите и барањата на СДСМ, како што рече, „секогаш се интересни“.

-Пет месеци повикуваа на оставка од мене, сега гледам решиле да бидат на страната на вистината и доброто на Македонија па не ја подржаа интерпелацијата, затоа што ценам дека нема аргументи за истата. Тоа е контрадикторно едно на друго, но, и тие имаат право на свое мислење. Од аспект на нивните барања дека тие ценат дека има потреба да има лидерска средба мислам дека претседателот на владата засега цени дека не треба да има лидерска средба за овие прашања, а понатаму остануваат вратите отворени, да се седне и да се разговара во иднина, рече министерот.

Посочи дека имаат индиции за криминали, како што посочи, „од епски размери“.

-Кога говорам за епски, говорам за криминал што е на штета на буџетот на македонските граѓани со многу цифри, во евра, рече тој.

TAGGED:панче тошковски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Синдикатите оптимисти дека минималната плата ќе се зголеми на 450 евра, за работодавачите не е прифатливо паушално зголемување
Следна статија Љутков од Херцег Нови: Македонија е новиот претседавач со Советот на министри за култура на ЈИЕ- јакнење на културата во функција на одржливиот равој

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

Скачать мобильное приложение 1xbet: интеграция с аналитическими инструментами

Скачать мобильное приложение 1xbet: интеграция с…

March 1, 2026

Прогласени најлошите авиокомпании во светот

Сите сме поминале часови мерејќи ги…

February 28, 2026

Сузан Сарандон вели дека холивудските улоги престанале откако „проговорила за Газа“

Добитничката на Оскар, актерката Сузан Сарандон,…

February 28, 2026

(ВИДЕО) Драматично во Дубаи: Аеродромите се затворени, заглавени илјадници патници

Најголемите аеродромски центри во Обединетите Арапски…

February 28, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Ме среќаваат минувачи на улица и ми велат повторно ќе ве гласаме, но зошто да трошиме пари, дајте да испорачаме тоа што е сработено, порача Мицкоски

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори и тоа е јасно. Тоа се говори и на сите анкети, дури има и…

November 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

АХВ уништи небезбедно месо, јајца и бои за јајца

Над илјада и двесте киограми месо, јајца, мед, ракија и маслиново масло, но и други производи уништила Агенцијата за храна…

April 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Павловден, на овој ден не се работи

По Петровден денеска е големиот православен празник Павловден кој се празнува на 13 јули. На Павловден именден слават тие што…

July 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ина Многуфина за пратениците: Бугарски пратеник собра 35 000 евра и ги донесе, нашиве одмор земаа

„Во време на крах на системот кога е нужно да се лоцираат сите закони кои треба да се сменат, оние…

March 25, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?