Панче Тошковски денеска рече дека лиценцата за овој клуб е фалсификат, и дека случајот е поврзан со мито и корупција.
„Не би сакал да откривам повеќе детали, но сакам да кажам дека и оваа лиценца, како и многу други работи во Македонија во минатото е поврзана со мито и корупција. Да и напоменам на македонската јавност дека за разлика од претходно, во овој случај ќе имаат име и презиме оние кои се директно вклучени во нелегалното издавање на лиценци, и ќе одговараат. Уште еднаш ќе кажам, да има мито и коруцпија во овој случај, само што сега виновниците ќе имаат име и презиме и ќе одговараат“, изјави Тошковски.