strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Тошковски за ИБНА: Ова што се случува со европскиот процес е повеќе од застој, тоа е неправда
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски за ИБНА: Ова што се случува со европскиот процес е повеќе од застој, тоа е неправда
МАКЕДОНИЈА

Тошковски за ИБНА: Ова што се случува со европскиот процес е повеќе од застој, тоа е неправда

Објавено June 7, 2025 15:55
strana.mk
Сподели
Сподели

Тоа што се случува со европскиот процес е повеќе од застој, тоа е неправда. Европската идеја не смее да се сведува на билатерални уцени, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервјуто за Независната балканска новинска агенција (ИБНА) и ја истакнува посветеноста на Владата на европските реформи на патот кон ЕУ, но и нагласува дека време е Европа да се соочи со прашањето: дали регионот навистина е дел од нејзината иднина и ако е така „тогаш вратите треба да се отворат со почит и партнерство, а не со нови барања и условувања“, јави дописничката на МИА од Атина.

Интервјуто на министерот за ИБНА е за време на неговата посета на општината Преспа во Грција, во четвртокот, кога започнаа работите за изградбата на граничниот премин Маркова Нога – Лемос во делот на грчка територија, а Тошковски говори и за ЕУ перспективата на земјава, за соработката со Грција, за мигрантското прашање, за Договорот од Преспа, но и за случуваењата во владината коалиција и нагласува дека „Владата е стабилна“.

За новиот граничен премин, Тошковски вели дека е повеќе од инфраструктурен проект, „тоа е симбол на зрелост, одговорност и европска перспектива“, но и доказ дека можеме да ја градиме иднината врз основа на заеднички интереси што ги носат нашите држави поблиску до Европа.

– За регионот на Преспа, ова значи нова енергија и економска и туристичка и културна. Локалните заедници на двете страни на границата добиваат нова шанса за развој, а државите покажуваат зрелост и визија. Овој премин нема да ги поврзува само двете држави, тој ќе ги поврзува луѓето, историите, природата и иднината претставувајќи вистински европски пример за прекугранична соработка, истакнува министерот.

Паралелно се осврнува и на неговто портфолио и соработката со јужниот сосед, нагласувајќи дека „и покрај политичките турбуленции во минатото, полициската соработка меѓу двете земји е на навистина високо ниво“.

Додава дека двете Министерства за внатрешни работи имаат активна, континуирана и практично ориентирана комуникација, особено, како што вели, во делот на размена на информации, заеднички оперативни активности и справување со прекугранични закани, а се осврнува и на разговорите со грчка страна за ситуацијата на грнаичниот премин Богородица – Евзони, нешто што беше и на агендата на неговата средба во Преспа со министерот за внатрешни работи на Грција Теодорос Ливаниос.

– Во наредниот период планираме да го интензивираме дијалогот со грчката страна за изнаоѓање одржливи решенија кои ќе го забрзаат протокот на патници на граничниот премин Богородица – Евзони, бидејќи токму тој е главната комуникациска артерија, не само за нашите граѓани, туку и за туристите и транспортните оператори од целиот регион. Брз и ефикасен премин таму е прашање на економија, на безбедност и на европска интеграција во пракса, објасни министерот.

Позитивно ја оценува соработката со Грција и во однос на мигрантското прашање за кое објаснува дека, ние, како земја се наоѓаме на една од клучните миграциски рути кон Европа и поради тоа имаме сериозна улога во справувањето со овој предизвик, а иако не сме членка на ЕУ, „постапуваме како вистински партнер, професионално, одговорно и во интерес на регионалната безбедност“.

– Со грчките власти постои оперативна комуникација, особено во делот на размена на информации и координација на активности. Но, реалноста е дека миграцискиот притисок најсилно се чувствува на нашата територија, каде што нашите сили ја вршат работата на првата линија. И со сигурност можам да кажам дека тоа го прават многу успешно, објаснува министерот и додава дека македонската полиција секојдневно ја штити јужната граница на Европа, што е „наш конкретен придонес кон европските вредности, не декларативно, туку на терен, со реални резултати“.

Во интервјуто за ИБНА, како што пренесе МИА, министерот говори и за ЕУ перспективата на земјава, по бугарските барања, велејќи дека тоа што се случува во европскиот процес е повеќе од застој, тоа е неправда, но и дека „европската идеја не смее да се сведува на билатерални уцени“.

– Како Влада, ќе продолжиме да работиме на реформите, на владеење на правото, на борба против корупцијата, не затоа што некој ни го наметнал тоа, туку затоа што тоа е потребно за нашето општество. Но, истовремено, ќе го кажеме јасно и достоинствено нашето „доста е“. Време е Европа да се соочи со прашањето: дали Западниот Балкан навистина е дел од нејзината иднина? Ако одговорот е да, тогаш вратите треба да се отворат со почит и партнерство, а не со нови барања и условувања, нагласи Тошковски.

За Договорот од Преспа објаснува дека ставовите на партијата се „добро познати и тие не се менуваат од денес за утре“, но посочува дека „кога станува збор за водење на државата, одговорноста е поголема од емоцијата“.

– Како Влада, целосно ги знаеме меѓународните обврски кои треба да се почитуваат, пред сè за да се заштити државата од нови кризи и блокади. Тоа значи дека, без разлика на нашите лични или политички ставови, ние ќе постапуваме државнички, достоинствено и со јасна цел да обезбедиме стабилност, просперитет и европска иднина за нашите граѓани, објасни министерот.

Во однос на последните случувања во владината коалиција истакнува дека „Владата е стабилна, со јасно парламентарно мнозинство и силен легитимитет добиен од граѓаните“ и додава дека политичките коалиции се дел од динамиката на секоја демократија, доаѓаат и си заминуваат, но државниот курс мора да остане цврст и јасен.

– За нас, најважна е довербата на граѓаните и обврските што ги имаме кон нив. Институциите функционираат, реформите продолжуваат, а безбедноста и сигурноста остануваат наш врвен приоритет. Во овој момент, немаме време за политички калкулации, туку имаме обврска да испорачуваме резултати и токму тоа го правиме, рече министерот за внатрешни работи Тошковски.

TAGGED:панче тошковски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Земјотрес во Грција – почувствуван и во Македонија
Следна статија ДУИ: Албанците се недоволно застапени во неколку клучни институции

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во болницата во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од дискотеката „Пулс“, земени се мерки за изработка на компресивни маски за врат и лице

Во Општата болница во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од катастрофланиот…

June 17, 2025
Новиот лек за рак покажува одлични резултати – „Изненадена сум што сум жива“

Стотици илјади луѓе со напреднат рак на главата и вратот би можеле…

June 17, 2025

Србинка пронајдена мртва на плажа во Грција

Државјанка на Србија (73) е пронајдена…

June 18, 2025

70-годишниот актер Келси Грамер по осми пат ќе стане татко

Американскиот глумец Келси Грамер на 70-годишна…

June 18, 2025

(ВИДЕО) Работел кај хрватскиот претседател: Војник убил две лица и отишол на работа – полицијата го упаси

Хрватската полиција објави видео од апсењето…

June 18, 2025

(ВИДЕО) Тамара и Џамбазов ја објавија „Лавиринт“

„Лавиринт“ е новата соработка помеѓу Тамара…

June 18, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Зајакнување на економските врски, трговијата, инвестициите и технолошкиот развој со Стопанската комора на Дубаи

За време на престојот во ОАЕ, ја посетив и Стопанската комора на Дубаи, каде што се сретнав со претседателот и…

April 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Милошоски: Демократски зрело е членовите на Судски совет да си поднесат оставки после изгласана недоверба

„Тие што сметаат дека никој не носи одговорност и дека не смее да се покрене интерпелација за избраните членови на…

March 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кирков: Директорот да си поднесе оставка, Зоолошката е веќе позната како куќата на стравот

Скопската Зоолошка градина во Скопје последниве три години е место каде умираат животни во сомнителни околности. Зоолошката е веќе позната…

February 19, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Филков ја разреши судијката која донела одлука Јованов да не оди во затвор за дрога

Министерот за правда, Игор Филков ја разреши судијката Даниела Алексовска Стојановска од работната група во Министерството за правда. Станува збор…

February 3, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?