strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Тошковски: Македонската полиција повторно ќе биде гордост на секој граѓанин 
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Македонската полиција повторно ќе биде гордост на секој граѓанин 
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Македонската полиција повторно ќе биде гордост на секој граѓанин 

Објавено December 27, 2024 13:58
strana.mk
Сподели
Сподели

Македонската полиција повоторно ќе биде гордост на секој граѓанин и повторно ќе биде чест да се биде полицаец, порача денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на презентацијата на резултатите од работата на Министерството за внатрешни работи за изминатата година што се одржа под слоганот „Доследност во делото визија за напредок“.

На презентацијата меѓу другите присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, кој нагласи дека никој не треба и не смее да биде над законот и Уставот.

Поминаа времињата како до сега, треба да се бориме против сите корумпирани елементи во општеството и ќе се бориме. Можеби правдата е спора, но секој кој што мисли дека ја изиграл се лаже, на крај таа секогаш доаѓа и секогаш победува, изјави Мицкоски по презентацијата. 

Ги охрабри припадниците на МВР дека, како што рече, никому никој ништо не должи освен на македонските граѓани и на државата. 

Ако некој мисли дека некому е должен и треба да биде привилегиран и да има одредени отстапки се лаже. Правдата е спора, но секогаш на крај победува. Мораме да покажеме и докажеме дека криминалот е неисплатлив и сите оние што мислат дека со криминал можат да направат нешто се лажат и истите ќе бидат одговорни пред законот и Уставот, подвлече премиерот. 

Министерот Тошковски во презентацијата на сработеното потсети на затекнатата  состојба со издавањето лични документи. 

Начекавме хаос. Ситуацијата беше на работ на колапс, но со натчовечко залагање на сите вклучлени успеавме да воведеме ред во издавањето личните документи. Никогаш повеќе македонскиот граѓанин нема да биде понижуван со бескрајни редици и изгубени часови.  Воведовме одржливи решенија преку дигитализација и автоматизација на процесите, истакна Тошковски. 

Според него, дигиталната апликација за добивање дозволи за оружје е реалност. Спроведена била и темелна истрага за злоупотребите од минатото за издавање дозволи за оружје, а против десетици вработени во МВР поднесени соодветни кривични пријави. 

Тој вети дека секоја услуга за граѓаните ќе биде подостапна, поефикасна и по транспарентна, а во насока на тоа го спомена целосно автоматизираното издавање на електронско државјанство.

За проектот „Безбеден град“, нагласи дека не е само техничко решение, туку е и визија за безбедна Македонија, за што се менува и законската регулатива.

Креираме системско решение, кое ќе ги анализира двете клучни компоненти, а тоа се подобрување на криминалистичките истраги и сообраќајната безбедност. Очекуваме во иднина „Безбеден град“ не само да ја подобри безбедноста, туку и да ја промени културата на сообраќај и да го намали бројот на жртви, а во наредните години да прерасне во безбедна држава, рече Тошковски.

Полицијата, нагласи, е ослободена од стегите на минатото и за што подвлече дека има видливи резултати, споменувајќи повеќе реализирани акции меѓу кои фаќањето на убиецот кај Мавровка за само два часа, акциите во стумичко Ново Село за корумпирани полицајци и службеници од Царина, во РЕК Битола, разбивањето на терористичката ќелија во Струга и Гостивар, акцијата за трговија со луѓе во Тетово и Гостивар, расчистување со корумпирани судија и јавен обвинител…

Законот стига до секого, а ќе стигне и до оние кои мислат дека можат да се сокријат. Борбата со корупцијата продолжува со несмалено темпо. Вложуваме во луѓето и инфраструктурата, реновираме клучни објекти, како Центарот за обука во Идризово, изградба на неколку нови полициски станици, постепено го модернизираме возниот парк со нови возила…, рече Тошковски.

Покрај промоцијата на дел од реализираните проекти во коно салата Кино „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода, во дворот на објектот беа презентирани и  реквизити што ги користи полицијата, елеци, палки, дронови…

TAGGED:МВРпанче тошковски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Кај нас нема мајмунски сипаници, запознаен сум со случајот во Косово, вели директорот на Инфективна Фадил Цана
Следна статија Мицкоски: Оставам на Обвинителството дали по допрен глас ќе преземе мерки за следењето од безбедносните агенции

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Вложуваме во здравствениот систем, набавивме магнетна резонанца и друга апаратура за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“

Премиерот Христијан Мицкоски денес беше во посета на Универзитетската клиника за хируршки…

November 20, 2025
Клиниката за детски болести доби нов дигитален мобилен рендген-апарат

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Бесим Мемеди, денеска, на Клиниката…

August 5, 2025

(ВИДЕО) Додик ја прослави победата со песна: „Само тако, само тако…“

Лидерот на СНСД, Милорад Додик, ја…

November 24, 2025

Се огласи Дурловски по случувањата на настапот на Аца Лукас во Кавадарци

Во држава која и понатаму се…

November 23, 2025

(ВИДЕО) Елмас со јубилеј, 200 натпревари во дресот на Наполи

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас синоќа…

November 23, 2025

Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката…

November 22, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Забранет за сообраќај мостот на Вардар кај Башино Село, Мицкоски ја најави градбата на нов мост

Поради влошената сотојба и конструкциите со висок ризик за што предупредија од Градежниот факултет од Скопје денеска инспектори од МВР…

January 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Mинатата власт го промашила проектот за санација на објектот „стара Комерцијална банка“

Директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски за „Република“ откри дека минатата власт целосно го промашила проектот…

December 16, 2024
МАКЕДОНИЈА

Чешкиот „ Блек хок“ го стави под контрола пожарот на Готен

 Чешкиот хеликоптер „Блек Хок“ полета кон огнената стихија на планината Готен. Со таканаречени „бoмби“ резервоар со капацитет од над 3.400…

July 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Можна креативна дипломатија во Виена за одблокирање на евроинтеграцијата

Австрија е подготвена да разговараме за изнаоѓање креативно решение со Бугарија и смета дека во моментов најважното за ЕУ е…

May 25, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?