strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Тошковски најави кривична одговорност за вработениот во МВР по чија наредба не бил казнет братот на градоначалникот на Гази Баба
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски најави кривична одговорност за вработениот во МВР по чија наредба не бил казнет братот на градоначалникот на Гази Баба
МАКЕДОНИЈА

Тошковски најави кривична одговорност за вработениот во МВР по чија наредба не бил казнет братот на градоначалникот на Гази Баба

Објавено April 28, 2025 21:07
strana.mk
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави кривична одговорност за полицискиот службеник по чија наредба не е казнет братот на градоначалникот на општина Гази Баба кој возел побрзо од дозволеното и наместо него е казнет сосема друг граѓанин кој воопшто нема врска со сторениот прекршок.

Беше утврдена фактичка состојба многу пострашна од онаа што беше објавена од СДСМ, односно се утврди дека конкретниот полициски службеник постапил спротивно на неговите законски овластувања и дозволил одредено лице да помине без соодветна казна што требало да му биде изречена. Тоа е првиот прекршок. Вториот прекршок којшто е уште пострашен е тоа што недолжен граѓанин, кој не е поврзан со настанот, го навел во рамки на документацијата што се изготвува од страна на Министерството за вантрешни работи со што сторил одредено кривично дело кое ќе биде процесурирано од страна на Министерството за внатрешни работи, изјави попладнево Тошковски за телевизија „Сител“.

Братот на градоначалникот на Гази Баба кој возел со 88 километри на час, наместо дозволените 50 километри на час, според министерот Тошковски, денеска сам се пријавил во полициската станица „Пролет“ и му е изречена прекршочна парична казна од 300 евра, а ќе се процесуира и забрана за управување со моторно возило.

Овој случај МВР го расветли веднаш по информациите во јавно достапните гласила. Да упатам порака дека секој полициски службеник мора да постапува согласно закон и согласно стандардно-оперативни процедури. Никој нема никого да има шанса да го спаси од дисциплинска или друга одговорност, рече Тошковски.

Опозициската СДСМ денеска обелодени дека на 20 април на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје, полицијата со радар фатила возило со преголема брзина кое било управувано од братот на градоначалникот на Гази Баба и дека полициските службеници не го казниле по наредба на началник во МВР.

TAGGED:братгази бабаГрадоначалникпанче тошковски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Средба со директорот за статистика на ММФ: Народната банка со нови достигнувања во статистиката
Следна статија Кога имаш харизма сите врати ти се отворени: Скопската публика ја сака Нина Бадриќ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Бидете внимателни: Ќе има времен режим на овие автопатски делници

Времена измена на сообраќајот од 08.10.2024 до 31.12.2024 година се воведува на автопат А1 делница Велес – Неготино поради изградба…

October 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Повеќе државни институции сместени во МРТВ две недели без вода, за да мијат раце и физиолошки потреби вработените трчаат до најблискиот мол

Ни капка вода не тече од втори до 19 кат во зградата на МРТВ. Стотици вработени во повеќе државни институции…

July 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Заев се оградува од пироманот: Уапсениот за подметнување пожар беше возач во Општината додека бев градоначалник

Поранешниот премиер Зоран Заев излезе со коментар дека е успсен Александар Николов кој наводно бил негов возач.Заев за „Телевизија 24“ вели…

July 29, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Го охрабрувам Обвинителството да работи на откривање нови одговорни лица за пожарот во Кочани, порача Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски го охрабри Обвинителството да работи понатаму и да утврдува дали уште некој друг има одговорност во врска…

June 11, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?