Покрај фалсификат лиценцата која членови на повеќе институции ја издале на кабарето Пулс во Кочани криминална група која сега ја истражува, МВР открила уште една лажна лиценца издадена на локал во Скопје.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес конференција изјави дека при истрагата за Кочани истражителите на МВР откриле дека има уште најмалку една лажна лиценца која криминална група ја издала на друг локал.
Локалот се наоѓа во Скопје но Тошковски не откри кое е неговото име.
Преходно владата објави дека по проверките се затворени три лиценцирани локали кои не ги исполнувале условите согласно законот.
Тошковски рече дека оваа информација ја добил пред средбата со новинарите и подоцна ќе даде повеќе информации за овој случај.