Трагична вест доаѓа од Грција, фудбалерот на Панатинаикос Џорџ Балдок е пронајден мртов во својата куќа. Балдок пред само три дена одигра дерби против Олимпијакос, на теренот мина 75 минути, а локалната „Газета“ тврди дека се удавил во базенот.
Фудбалерот не одговарал на повиците на неговата сопруга, по што таа го повикала сопственикот на вилата во која живеел Балдок за да дознае што се случило. Го пронашол 31-годишниот Грк без свест во базенот и веднаш повикал брза помош. Лекар констатирал смрт.
Искусниот дефанзивец речиси целата своја кариера ја мина во Англија, играјќи за МК Донс, Нортемптон, Тамворт, Оксфорд Јунајтед и Шефилд Јунајтед, пред летово да се пресели во Панатинаикос.
Балдок е и грчки репрезентативец од 2022 година, со 12 настапи.