24инфо.мк пренесе дека жената која пред неколку денови беше пронајдена во водите на реката Вардар кај Зелениково е всушност Лидија од скопското село Јурумлери.
Потврда за тоа 24инфо добиле од нејзините најблиски.
-Сакаме да ја информираме јавноста дека е пронајдено телото на нашата сестра Лидија. Засега тоа е единствениот официјален податок кој го имаме, не знаеме како и од што починала, кога ќе имаме официјални новости од надлежните служби, ќе ги соопштиме за јавност.
Сите сме потресени, но истовремено, му благодариме на Бога што ни ја врати назад, барем да ја погребаме достоинствено. Периодот на неизвесност кој го минавме, а и ова кое се случува сега, никому не го посакуваме. Премногу е тешко…
Благодариме на сите кои ни пружија поддршка во тешките моменти додека ја баравме нашата сестра, на сите кои се ставија во наша кожа и покажаа грижа и разбирање, истакнаа братот и сестрата на Лидија.
Лидија (43) исчезна минатата година на осми ноември, а последен пат била видена на автобуската станица во селото Јурумлери.
Потрагата по неа траеше со месеци, а нејзиниот брат и нејзината сестра бараа и меѓународна помош за нејзино пронаоѓање.