strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Трамп го сака Тикток на американскиот пазар, најави и крај на „трансродовото лудило“
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > СВЕТ > Трамп го сака Тикток на американскиот пазар, најави и крај на „трансродовото лудило“
СВЕТ

Трамп го сака Тикток на американскиот пазар, најави и крај на „трансродовото лудило“

Објавено December 23, 2024 08:09
strana.mk
Сподели
Сподели

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп изјави дека е за продолжување на Тикток да работи во земјата барем на некое време, тврдејќи дека добил милијарди прегледи на платформата за социјалните медиуми за време на претседателската кампања.

Коментарите на Трамп пред толпата конзервативни поддржувачи во Феникс, Аризона, беа еден од најсилните сигнали досега за неговото противење на можното излегување на Тикток од американскиот пазар.

Во април, Сенатот усвои закон со кој се бара од матичната компанија на Тикток, кинеската БајтДенс, да ја продаде апликацијата, повикувајќи се на загриженост за националната безбедност.

Сопствениците на Тикток се обидоа да го поништат законот, а Врховниот суд на САД се согласи да го сослуша случајот. Но, ако судот не донесе одлука во корист на БајтДенс и продажбата не се случи, забраната за апликацијата во САД би можела да стапи на сила на 19 јануари, ден пред Трамп да ја преземе функцијата претседател.

Нејасно е како Трамп ќе постигне поништување на одлуката за продажба на Тикток, која беше изгласана со огромно мнозинство во Сенатот.

„Мислам дека ќе треба да почнеме да размислуваме за тоа затоа што, знаете, отидовме на Тикток и имавме одличен одговор со милијарди и милијарди прегледи“, рече Трамп на толпата на „АмерикаФест“, годишен фестивал, организиран од конзервативната група Turning Point.

„Ми ги покажаа бројките, тие беа рекордни, и беше толку убаво да се види, и додека гледав, реков „добро, можеби треба да го задржиме ова уште некое време“, рече тој.

Трамп во понеделникот се сретна со извршниот директор на Тикток. На прес-конференција истиот ден, тој рече дека Тикток „го добил“ благодарение на успехот на неговата кампања на апликацијата.

Американското Министерство за правда тврди дека кинеската контрола над ТикТок претставува континуирана закана за националната безбедност, позиција што ја поддржуваат повеќето американски законодавци.

„Ден на ослободувањето“
Во неделата во Феникс, Трамп повторно се сврте кон имиграцијата, уште една омилена тема во неговата кампања.

На првиот ден на функцијата, тој вети дека „ќе потпише серија извршни наредби за затворање на границата за илегалните имигранти и запирање на инвазијата на нашата земја. А истиот ден, тој ќе ја започне најголемата операција за депортација во историјата на Соединетите Американски Држави“.

20-ти Јануари навистина ќе биде ден на ослободување во Америка“, рече тој за време на настан организиран од Turning Point USA, конзервативна младинска организација.

Тој најави и дека ќе престане со „трансродовото лудило“ уште на првиот ден на функцијата, наведувајќи дека под негова администрација ќе има два пола – машки и женски.

„Ќе потпишам извршни наредби за ставање крај на сексуалното осакатување на децата, исклучување на трансродовите лица од војската и исклучување од нашите основни и средни училишта“.

Трамп им вети на толпата млади конзервативци „да ги чува мажите надвор од женскиот спорт“, додавајќи дека „официјалната политика на владата на Соединетите држави ќе биде дека има само два пола, машки и женски“.

TAGGED:Тиктоктрамп
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Тошковски: Добро е што ДУИ се огради од „бегалецот од правдата“, ги охрабрувам и во иднина да го сторат истото
Следна статија (Видео) Српската полиција: На протестот имаше помалку од 30.000 луѓе; Архивата на јавни собири: Имаше 2-3 пати повеќе

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Вложуваме во здравствениот систем, набавивме магнетна резонанца и друга апаратура за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“

Премиерот Христијан Мицкоски денес беше во посета на Универзитетската клиника за хируршки…

November 20, 2025
Клиниката за детски болести доби нов дигитален мобилен рендген-апарат

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Бесим Мемеди, денеска, на Клиниката…

August 5, 2025

(ВИДЕО) Додик ја прослави победата со песна: „Само тако, само тако…“

Лидерот на СНСД, Милорад Додик, ја…

November 24, 2025

Се огласи Дурловски по случувањата на настапот на Аца Лукас во Кавадарци

Во држава која и понатаму се…

November 23, 2025

(ВИДЕО) Елмас со јубилеј, 200 натпревари во дресот на Наполи

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас синоќа…

November 23, 2025

Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката…

November 22, 2025

РАЗНО

СВЕТ

Кина ќе ја гради најголемата хидроцентрала во светот

Кина ја одобри изградбата на најголемата хидроелектрична брана во светот, со што започнува амбициозен проект на источниот раб на Тибетската…

December 26, 2024
СВЕТ

Рубио планира посета на Западен Балкан

Американскиот државен секретар Марко Рубио планира посета на држави од Западен Балкан, јавија црногорските медиуми пренесувајќи соопштение од средба на…

April 5, 2025
СВЕТ

Четири лица загинаа по пад на кабина на жичница во јужна Италија

Најмалку четири лица загинаа по пад на кабина на жичница на планината Монте Фиато, околу 45 километри југоисточно од градот…

April 18, 2025
СВЕТ

Орбан ги ограничува цените на храната: „Странските трговски ланци ги ограбуваат Унгарците“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан воведе контрола на цените на основните прехранбени производи во супермаркетите. Економистите проценуваат дека оваа мерка може…

April 9, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?