Американскиот претседател Доналд Трамп испрати итна порака до Израел во која го повикува да ги запре планираните воздушни напади.
„Израел. Не фрлајте ги тие бомби. Доколку го направите тоа, ќе биде сериозно кршење. Вратете ги вашите пилоти дома, веднаш!“, напиша Трамп на платформата Икс.
Соопштението доаѓа во услови на зголемени тензии и откако Израел го обвини Иран за кршење на прекинот на огнот, најавувајќи силен воен одговор. Досега нема реакција од израелската влада на пораката на Трамп.