Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, постави нов рок од 10 или 12 дена за Русија да ја заврши војната во Украина, нагласувајќи ја својата фрустрација од рускиот претседател Владимир Путин за продолжување на конфликтот.
Зборувајќи во Шкотска, каде што одржува состаноци со европски лидери и игра голф, Трамп денеска рече дека е разочаран од Путин и го скрати рокот од 50 дена што го постави овој месец, објави Ал Џезира.
„Ќе одредам нов рок од околу… 10 или 12 дена од денес“, им рече Трамп на новинарите за време на состанокот со британскиот премиер Кир Стармер. „Нема причина да се чека… Едноставно не гледаме никаков напредок.“